Што да појадувате според својот хороскопски знак?
Иако појадокот е најважниот оброк, понекогаш наутро ни е тешко да ги отвориме очите и да смислуваме што да подготвиме за појадок. Ако се препознавате во овој опис, немојте да се грижите – идеалниот појадок можеби е запишан во вашиот хороскопски знак.
Овен – Димен лосос и пециво
Поради тоа што овој знак е познат по својот авантуристички дух, енергичност и храброст, немојте да се грижит да пробате нешто ново. Повеќето луѓе не би можеле ни да замислат студен лосос во својот утрински сендвич, но вие сте дораснати за овој предизвик за вашето непце.
Бик – Сендвич
Луѓето родени во овој знак се познати како трпеливи и со меко срце. А која храна подобро ќе им ја ,,загрее душата,, од добриот стар сендвич? Како и да го подготват, секогаш ќе биде одличен.
Близнаци – Јајца
Со оглед на тоа што се познати како пребирливи личности, јајцата се идеален избор за Близнаците, бидејќи можат да се подготват на многу начини. Варени јајца, кајгана, јајца на око, омлет – има безброј избори, а можат да ги комбинираае според утринското расположение.
Рак – Палачинки со нутела
Понекогаш се емоционални и на луѓето им се допаѓа нивната способност да сакаат. Затоа палачинки со нутела се совршени за нив – кој може да биде тажен кога устата му е полна со растопена чоколада?
Лав – Пикантна пица
Лавовите најчесто се опишуваат како широкоумни, експанзивни и креативни, па затоа можат да ја прошират својата склоност и да го ,,зачинат,, својот појадок со пикантна пица.
Девица – Кафе со млеко
Девиците се познати како интелигентни и педантни личности кои секогаш брзаат некаде за да ги организираат сите свои аспекти од животот. Затоа наутро им е потребен кофеин. Тогаш зошто не би можеле својата утринска исхрана да ја збогатат со малку млеко?
Вага – Пециво со сирење
Со оглед на тоа што Вагите се познати ако друштвени луѓе, со кои лесно оди усогласувањето, треба да јадат појадок со кој сите ќе се согласат – класично пециво со сирење. Никој не може да и каже не на оваа комбинација од јагленохидрати и кремасто сирење.
Скорпија – Тост со банана и путер од кикиритки
Скорпиите се познати како моќни, страсни и силни. Поради тоа ќе им биде потребна многу енергија за да ги придвижат сите тие амбиции. Овој појадок ќе им даде огромна количина јагленохидрати, протеини и извори на масти.
Стрелец – Пченкарни снегулки
Познати се како искрени и сакани. Со чинија полна пченкарни снегулки секогаш се знае што се добива – вкусен оброк со млеко кој враќа во детството. Навистина одличен почеток на денот!
Јарец – Овесна каша со овошје и јаткасти плодови
Јарците се практични, амбициозни и внимателни, па нема да им биде тешко наутро да си подготват овесна каша за појадок. Покрај неа одлично ќе одат овошја и јаткасти плодови, кои ќе ги наполнат со енергија за целиот ден кој им претстои.
Водолија – Вафли со јаворов сируп
Водолиите се пријателски расположени и верни. Затоа овој класичен појадок ќе и јаворов сируп не може да се погреши никогаш.
Риби – Крофни за колегите
Рибите се познати како чувствителни, мили и несебични, па затоа убавите нешта не ги прават само за себе, туку и за другите. Да ги почестите колегите со утрински слатки, на пример со крофни, е совршен начин за ширење радост.