Нема сомнение дека до сега сфативме дека здравата исхрана е добра за нас на повеќе начини – го намалува ризикот од разни болести, го јакне имунолошкиот систем, ни дава енергија и влијае врз добриот сон. Но, ајде да погледнеме како некоја одредена, секако здрава, храна влијае само на тоа како да се чувствуваме добро, туку така и да изгледаме. Прочитајте кои нутриенти ќе им дадат на вашите коса и нокти да додадат дополнителна силина, мазност и сјај.

Витамин Б комплекс/витамин Х

Витаминот Х го подобрува квалитетот на косата која е склона кон расцветани врвови и тенчење, и ги јакне слабите, кршливи нокти. Кога се зема со цинк и со кортикостероиден клобетазол пропионат, се користи за третирање на алопеција, автоимуни кожни болести во вид на губење на коса. Стручњаците докажале дека недостигот на овој витамин може да доведе до тенка, слаба коса или нејзино губење т.е. опаѓање. Дури и на германски јазик оваа поврзаност се огледува во буквата Х, која ја симболизира косата или ‘haar’ и ноктите ‘haut’.Намирниците кои треба да се користат за да го снабдите организмот со овие витамини се: банани, грав, карфиол, јајца, кикиритки, леќа и лосос.

Омега – 3 масни киселини

За да имате посјајна коса, вклучете ги во својата исхрана омега – 3 масните киселини, кои придонесуваат за квалитетот на кожата на главата и можат на вашите прамени да додадат дополнителна блескавост. Трите активни состојки – алфа – линоленска киселина, еикозапемнтаеноинска киселина и дохозахексаеноинска киселина се примарни масни кислеини кои се важни компоненти на стратум конеум ензимите, кои го сочинуваат крајниот слој на епидермисот, во кој се наоѓа кератинот, кој има способност да ја задржува водата. Недостигот на овие примарни, есенцијални масни киселини може да резултира со сува кожа на главата и појава на перут. Храна со која можете да се борите против тоа е: јајца, ленено семе, рибино масло, лосос, сардини, туна, ореви и скуша.

Протеини

Внесот на протеини е важен од повеќе причини, а посебно е поврзан со квалитетот на косата и ноктите. И косата и ноктите се состојат од градивен протеин кератин, па затоа е адекватна исхрана значајна за ,,градењето,, на силни нокти и коса. Ниско масното месо е најлесен начин за во исхраната да се внесе ваков вид на протеини. Консумирајте го следново: пилешко, јајца, ниско масно црвено месо, млечни производи со ниска масленост, лешници, морски плодови, соја и житарки од цело зрно.

Витамин А

Витаминот А го поттикнува создавањето на себумот, кој е неопходен за кожата на главата, бидејќи ја одржува структурата и изгледот на косата здрава. Освен овие позитивни влијанија врз убавината, овој витамин придонесува за подобро здравје на очите и имунолошкиот систем, кој не одржува витални и силни од глава до петици. Витаминот А се внесува по пат на: кајсии, брокула, моркови, диња, жолчки, овесна каша, спанаќ и сладок компир.

Цинк

Цинкот е уште еден нутритиент кој активно помага во функционирањето на имунолошкиот систем и има важна улога и во формирањето на сврзното ткиво. Цинкот е во состав на милиони ензими во телото, од кои некои од нив ја регулираат способноста на телото да прави некои нови протеини, кои ќе станат градивен материјал за косата и ноктите. Алопецијата, исушената и кршлива коса укажува на недостиг на цинк. За да обезбедите доволно цинк за своето тело, треба да ги внесувате следниве намирници: индиски орев, грашок, јастог, остриги, соја и немасно говедско месо.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина