1

Одборот лекари за одговорна медицина (The Physicians Committee for Responsible Medicine) од Америка го објави водичот по кој би требало да се придржуваме доколку сакаме да го намалиме ризикот од настанување на рак. Поголемиот дел на овие препораки е базиран на истражувањата на националниот институт за истражување на ракот.

Избегнувајте или ограничете го внесот на алкохолот со цел намалување на ризикот од карцином на устата, грлото, желудникот, дебелото црево, ректумот и градите.

Многу е важно да ја знаете разликата помеѓу умереното и прекумерното консумирање на алкохол. Жените не би требало да пијат повеќе од 3 децилитри пиво или 1,5 децилитри вино дневно.

Умереното консумирање може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Некои истражувања покажуваат дека каменот во жолчката и дијабетис тип 2 почесто се појавуваат кај оние кои апстинираат од алкохол, отколку кај луѓето кои умерено пијат.

soja

Избегнувајте или ограничете го внесот на млечни производи за да го намалите ризикот од рак на простатата.

Давајќи ја оваа препорака, авторите на водичот мислеле исклучиво на намалување на ризикот од рак на простатата и никаде не ги навеле бенефитите од консумирањето на млечните производи како што е помал ризик од појавата на дијабетис тип 2 и снижување на крвниот притисок.

Избегнувајте да консумирате црвено месо и месни преработки за да го намалите ризикот од карцином на ректумот и дебелото црево. Месните преработки немаат никакви нутритивни бенефити и можеби е подобро воопшто да не ги јадете.

Меѓутоа, тоа истото не може да се каже и за црвеното месо. Тоа изобилува со железо кое им е најпотребно на трудниците и на младите во развој. Црвеното месо е извор на витаминот Б12 кој е важен за зачувување на нервниот систем. Богато е и со цинк кој го зајакнува имунолошкиот систем.

Интересно е и дека Американското здружение за превенција од ракот препорачува ограничено внесување на црвено месо и смета дека не треба да се избегнува во потполност.

Избегнувајте пржено, печено и месо на скара за да го намалите ризикот од рак на дојка, дебелото црево, ректумот, простатата, бубрезите и панкреасот. Оваа препорака се базира на откритието дека постојат четири вида хетероциклични соединенија кои се поврзани со појавата на рак на дебелото црево и ректумот. Тие се создаваат за време на подолго готвење на високи температури. Тоа веројатно не сакавте да го чуете со оглед на тоа што можеби омилено ви е јадење на скара со пријателите.

Добрата вест е што појавата на овие соединенија може да се редуцира- јадете средно печено месо, маринирајте го пред готвењето и испечете го во помали парчиња за да биде готово во пократок временски период. Можете да го ставите месото во микробранова печка 2-5 минути пред печењето.

Производите од соја го намалуваат ризикот од појава на рак на дојката. Многу жени веројатно пријатно ќе се изненадат бидејќи бројни студии го потврдуваат ова тврдење.

Важно е да имате на ум дека сето ова се однесува на целосните намирници од соја (на пример тофу), а не на додатоците од соја. Освен тоа, производите од соја го намалуваат нивото на холестерол.

Особено треба да јадете што повеќе овошје и зеленчук. Истражувањата покажуваат дека овошјето, зеленчукот и мешунките имаат моќни превентивни својства и не постои причина за тоа секојдневно да не бидат на вашето мени. Што повеќе, тоа подобро !

Тагови: Исхранарак