Од година во година се повеќе луѓе се откажуваат од месото од животинско потекло, а изборот на јадења за вегетаријанците и веганите во рестораните станува се поширок. Сепак, тоа не е најздравиот начин на исхрана. Но, што би се случило ако сосема се откажеме од вегетаријанските идеали и станеме исклучиво месојадци? Накусо кажано, нашето тело би овенало.

 

Труење со протеини

 

Исхраната која вклучува само месо би значела дека не консумираме ниедна намирница богата со влакна, а тоа најпрво би довело до констипација – што е најлесна нус-појава. Одбивањето храна богата со јагленохидрати значи откажување од главните извори на енергија. Поради тоа телото ќе ги разградува мастите и најважните протеини, а тоа би доведо до дополнителни проблеми. Би дошло до труење со протеини и нарушувања со многу непријатни симптоми, како што се слабост или  пролив. Сето тоа би настанало како последица од трупање на уреа, која настанува во црниот дроб при претворањето на протеините во гликоза. На пример, месото од зајак е сиромашно со масти, поради што телото би почнало да ги согорува сопствените наслаги.

 

Забележано е дека хранењето исклучиво со зајачко месо може да доведе до смрт исто како и изгладнувањето.

 

Скорбут или бактериски инфекции?

 

Или ќе добиеме скорбут – витаминот Ц е единствениот витамин кој телото не може сам да го произведе. Еден од начините со кој можеме да спречиме некои од симптомите е јадењето сирово месо, со цел да го одбегнеме уништувањето на витаминот Ц со готвењето. А, тоа би довело, пак, до бројни бактериски инфекции. Кажано со други зборови, ако ви падне на памет некогаш да се откажете од сите намирници освен од месото – не правете го тоа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина