Кога ќе сфатите дека кондомот се дупнал или сте имале сексуален однос без заштита, најлошото нешто кое можете да го направите е да паничите. Ќе ви ги наведеме методите кои не можат да помогнат, но и оние кои се најсигурни. Но, без разлика на тоа кои совети сте ги добиле или што ви е очигледно во моментот, следниве четири нешта сепак нема да ви помогнот ни малку во вакви ситуации.

Туширање

Најголем број од жените прво помислуваат на туширање, но тоа всушност може да создаде повеќе проблеми. Имено, миењето може да го наруши нивото на здрави бактерии, па и да го зголеми ризикот од создавање инфекција.

Сапун

Сапунот спаѓа меѓу силните средства за хигиена и треба да бидете внимателни кога го користите за миење на интимната регија. Со него можете да ја нарушите pH вредноста, па и да предизвикате реакција на слузокожата.

Туширање со врела вода

Ова е секако меѓу најчестите нестручни совети кои жените ги добиваат. Можеби дава чувство дека од себе сте ја измиле сета нечистотија, доколку се покаже дека сте имале сексуален однос со некого кој боледува од некоја инфекција или болест, но уширањето со врела вода сеак нема да ви помогне.

Земање антибиотици без лекарски совет

Не треба и немојте да се трудите самите да си поставувате дијагноза и да откривате што можеби не е во ред, бидејќи тоа може повеќе да ви наштети отколку да ви донесе корист. Веднаш консултирајте се со доктор пред да земете било каков лек.

Можеби наведениве методи не можат да помогнат, но затоа следниве со сигурност можат и се најсигурните, па затоа имајте ги во предвид во случај да се најдете во ваква ситуација.

Преглед кај гинеколог

Единствено кој може да знае дали е се во ред, што треба да направите и кои чекори да ги преземете е вашиот гинеколог. Не треба и не смее да ви биде непријатно, посебно во вакви ситуации. Секако дека тој или таа нема да ве осудуваат, но ако од некоја причина не сте задоволни од нив, само побарајте да ви го префрлат здравствениот картон кај некој друг и не ги прескокнувајте редовните прегледи, а посебно оние по ваквите случки.

Пилула

Пилулата за ден потоа е нешто кое ќе ви помогне да ја спречите несаканата бременост во случај да не сте користеле заштита или ако се дупнал кондомот. Но, имајте предвид дека неа никако не смеете да ја користите често, како и тоа дека таа не помага во спречувањето на пренесување на полово заразните болести.

Проверка на симптомите

Ако не сте веднаш конултирале со вашиот гинеколог, а чувствувате нешто чудно, како на пример, необична болка, иритација, пецкање и крварење, веднаш обратете се на доктор. Секогаш можете да направите тестирања за полово преносливи болести.

Повторете ги тестирањата

Некои вируси или бактерии не можат веднаш да се забележат, па доколку се сомневате дека нешто не е во ред и покрај добрите резултати на првите тестирања, за секој случај повторете ги по неколку месеци.

 

 

 

Тагови: кондомсекс
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина