Од сите страни слушате дека секоја жена мора да појде еднаш годишно на гинеколошки преглед, но никако не го правите тоа. Еве зошто уште денес мора да го закажете тој преглед кај својот гинеколог.

Повеќето ракови на грлото на матката ги предизвикува хумани папилома вирусот (HPV). Овој вирус се пренесува по сексуален пат од оној кој е веќе заразен. Постојат повеќе типови хумани папилома вирус и поделени се според зачестеноста на предизвикување на малигни промени на високо малигни и немалигни типови. Некои од нив предизвикуваат кондиломи, додека други не предизвикуваат никакви промени. Можете да имате ваков вирус со години, а да не го знаете тоа. Тој може да остане во вашето тело со латентен облик и дури по повеќе години да доведе до развој на рак на грлото на матката. Затоа е важно редовно да се прави ПАП тест, бидејќи овој тест може да ги идентификува промените на грлото на матката пред тие да се претворат во рак.

Симптоми на рак на грлото на матката

Абнормалните клетки на грлото ретко предизвикуваат симптоми. Сепак, симптоми може да имате ако абнормалните клетки доведат до промена на квалитетот и изгледот на ткивото на грлото. Симптомите вклучуваат вагинално крварење, кое не е вообичаено, или промени во менструалниот циклус, кои не можете да ги објасните. Крварењето се појавува кога грлото ќе дојде во допир со нешто, како што се сексуален контакт или кога ставате дијафрагма. Потоа постои и болка при сексуален однос и крвав вагинален исцедок.

Како се дијагностицираат промените на грлото на матката?

ПАП тестот е составен дел од годишниот гинеколошки преглед. За време на неговото изведување, гинекологот зема примерок од клетките на површината на грлото на матката и ги испраќа на анализа. Доколку тестот покаже абнормални промени, гинекологот ќе направи дополнителни тестови, како што е колпоскопијата, односно премачкување на грлото поради боење на променетите клетки и нивна поподробна анализа или, punch биопсија – земање мал примерок од ткивото на грлото на матката со клешти и испраќање негово на патохистолошка анализа.

pap-test

Лекување

Лекувањето на првичните промени на грлото на матката т.е. еритроплакија односно ,,ранички,, успешно се спроведува со криотерапија, а по нејзиното пребојување поради разликување од околното здраво ткиво. Овој метод на лекување овозможува зачувување на репродуктивната функција. Основен предуслов е раната идентификација и промптното реагирање пред да дојде до ширење на абнормалните предканцерогени клетки на грлото во подлабоките слоеви на грлото и матката, што секако бара поопсежен оперативен зафат поради излекување.

Лекување на поодминати стадиуми на рак на грлото на матката:

– Оперативен зафат, како што е хистероктомија и отстранување на карличните лимфни јазли со или без отстранување на двата јајника и двата јајоводи.

Хемотерапија – терапија со зрачење. Во зависност колку нараснал ракот, се прават еден или повеќе зафати, а понекогаш и комбинација на наведените зафати. Ако имате хистероктомија, нема да можете да имате повеќе деца, но овој зафат и не е секогаш неопходен, ако ракот се открие во својот ран стадиум.

Превенција

ПАП тестот е најдобриот начин за да се откријат промените на клетките на грлотот на матката кои водат кон рак. Овој тест секогаш, ако се прави еднаш годишно, ги покажува промените пред тие да се претворат во рак.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина