Кога е одбран најсоодветниот антибиотик, многу е важно како ќе го примениме, односно да ја одредиме оптималната доза, зачестеноста и патот на примена. Општо гледано, денес антибиотиците многу се користат, а во случаите кога нивната употреба е оправдана, често се применува премала доза. Имено, антибиотикот, освен во пропишаната доза, мора да се зема и доволно често, земајќи го во обзир времето на излачување од организмот. За среќа, денешнава фармацевтска индустрија ги произведува најновите антибиотици со соодветно дозирање (1 до 2 пати на ден), така што непрактичното дозирање кое го нарушува сонот станува поретко, а и болните полесно се придржуваат до упатствата за земање на лекот 1-2 пати дневно, отколку на секои шест часа.

Како и при примена на останатите лекови и овде е потребна соработка од страна на пациентот. Проблемот е што тие често ја прекинуваат терапијата прерано, два-три дена по нејзиниот почеток, штом почувствуваат дека симптомите исчезнале, но самото лекување мора да трае барем пет дена (најчесто тоа е целопакување на лекот) и на тоа треба да се предупреди болниот. Многу важно е антибиотикот да се зема во точно одредено време и да се зема препишаната доза, бидејќи со тоа се обезбедува постојаната количина на лекот во организмот. Според податоците на Светската здравствена организација, прекинувањето на терапијата порано може да направи дополнителни проблеми, што подразбира ризик антибиотикот да се си го обработи своето. Понекогаш луѓето се сами виновни што антибиотикот н делува како што треба.

 

Исто така, прекинувањето на терапијата пред време ги зголемува шансите постоечки е бактерии да мутираат и да станат отпорни, со што се отежнува третманот од следниот пат.

 

Земањето на антибиотиците до крај, дури и ако подобро се чувствувате, ќе има за резултат ослободување од сите бактерии и намалување на ќе го намали ризикот од отпорност.

 

Значи, ако не сакате повторно да легнете во кревет, не ја прекинувајте терапијата на своја рака, туку за евентуалното прекинување консултирајте се со својот доктор

 

Тагови: антибиотик
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина