Спречете го гастритисот
Системот на органите за варење има улога да го овозможи внесувањето и прифаќањето на хранливите материи во организмот. Под дејство на различни фактори може да дојде до развој на бројни тегоби:
Непријатен здив
Мачнина
Повраќање
Стомачни болки
Киселина во желудникот
Гастритис
Други проблеми кои можат да се јават се надуеност по јадење и чувство како храната да стои во желудникот, проблеми со лачењето жолчка во жолчното кесе, тешко чувство по јадење масна храна, запек, кој може да премине во хроничен, мрзливи црева, односно бавно движење на храната низ цревата.
За оние кои патат од гастритис или воспаление на слузокожата на желудникот?
Пролетта е непријатно годишно време за оваа болест. Промените на надворешната температура претставуваат стрес за организмот, а посебно за органите за варење. Во ова годишно време доаѓа до зголемено лачење на киселини, кои ги надразнуваат ѕидовите на желудникот, па се зголемуваат и тегобите на болеста. Покрај тоа што мора да се придржуваат до лекарската терапија, на болните од гастритис им се препорачува посебен режим на исхрана. Треба да одбегнуваат домати и јужно овошје, затоа што тие содржат супстанции кои ја засилуваат желудожната киселина. Исто така, тие треба од своето мени да ги исфрлат месните преработки и слатки, кои го забавуваат варењето, како и мешунките, затоа што предизвикуваат надуеност. До иритација на желудникот доаѓа и при прекумерно консумирање жестоки пијалоци, но и намирници кои содржат кофеин, како што се кока – колата, кафето и чоколадата.
Што го оштетува желудникот?
Гастритисот е честа болест која многумина не ја сфаќаат сериозно и ја третираат како минлив проблем со варењето. Но, докторите предупредуваат дека оваа болест никако не смее да се запоставува и мора да се лекува адекватно, затоа што во спротивно може да премине во хронична состојба, а потоа и во чир на желудникот. Проблемите настануваат кога ќе дојде до воспаление на слузокожата на желудникот, односно на нејзиниот заштитен слој, кој треба да го спречи продорот на киселината во подлабоките слоеви на ткивото на желудникот. Воспалението најчесто се јавува како последица на неправилна и нередовна исхрана, но и на постојан стрес. Слузокожата се оштетува и при подолго користење лекови, како што се аспирин или бруфен, или при инфекција со бактеријата хеликобактер пилори.
Предупредувачка болка
Тегбите кои се појавуваат при гастритис се појавуваат нагло и најчесто не траат долго. Обично прво се чувствува болка во горниот дел на стомакот, која се засилува или намалува по земањето храна. Од другите симптоми на болеста се појавуваат мачнини, губење на апетитот, гасови и чувство на надуеност после оброците. Некои облици на хроничен гастритис го зголемуваат ризикот од појавата на рак. Дијагнозата на болеста се поставува со гастроскопски преглед и со помош на неа точно се одредува местото на оштетената слузница. Терапијата се спроведува со лекови за регулирање на желудочната киселина и за ублажување на тегобите. Со анализа на крвта може да се утврди присуство на бактеријата хеликоптер пилори, а во овој случај се спроведува антибиотска терапија.
Гума за џвакање? Не, никако!
Оние кои патат од гастритис не би требало да користат гуми за џвакање, затоа што за време на џвакањето се излачува голема количина желудочни сокови, кои ја надразнуваат слузокожата на желудникот.
Прилагодување на менито
Доколку патите од гастритис, обидете се да се воздржите од јадења кои можат да ви ги влошат тегобите. Еве што би требале да смените во исхраната:
- Наместо бел леб, јадете црн двопек
- Лутите пиперки заменете ги со ароматични тревки, како што се темјанот, ориганото и власецот
- Наместо салами или сланина, јадете посна шунка
- Чоколадите, шлагот и џемовите заменете ги со бисквити