Цел живот тежнееме да оствариме цели во животот за одржување на рамнотежата. Тој ист баланс му е потребен и на нашето тело. Сите појави во организмот: од обични акни, па до срцев удар, можат да бидат предизвикани само од една причина нарушување на рамнотежата, односно на pH вредноста во организмот. PH вредноста е мерка за активизам на јоните на водородот во раствор, со кое се утврдува дали е средината кисела или базна. Во идеален случај, pH вредноста треба да изнесува 7. Воспоставувањето на оваа рамнотежа на кожата и воопшто во организмот и во клетките е неопходно за да се спречи појавата на некоја болест, воспаление и сл. Можете лесно да забележите кога е нарушена pH вредноста во вашиот организам:

  • Кога постојано сте уморни

  • Кога лесно останувате без здив

  • Кога често се прозевате

  • Кога имате болки во мускулите

Идеален начин за враќањето и одржувањето на рамнотежата на pH вредноста во организмот е со употребата на спирулината. Тоа е сино – зелена алга во облик на спирала, која содржи повеќе од 100 хранливи материи, поради што е прогласена за Супер храна. Еден е од најстарите облици на фотосинтетски животни форми кои создаваат кислород и кои ја овозможиле еволуцијата на повисоки животи во природата. Спирулината е бесмртен организам кој се обновува веќе три милијарди години и е најцелосен и најмоќен извор на храна во светот. Богат извор е на хранливи материи во концентрации поголеми од која било храна,овошје, зеленчук, семе или растенија и има бројни бенефити за човечкиот организам. Го јакне организмот, храни, чисти, обновува, подмладува и штити од болести.

Оваа алга е 100 % природна, без конзерванси, лесно сварлива, погодна е за употреба кај сите возрасти и е одлична замена за вештачки произведените витамини и минерали. Во својот состав содржи 60% протеини, што е за 3 – 4 пати повеќе од нивната содржина во говедското и 5 пати повеќе од јајцата, 13% есенцијални минерали, како што се калциум, магнезиум, натриум, калиум, фосфор, цинк и железо, како и цели групи на витамини и антиоксиданси. Посебно е богата со витаминот Б – 12, кого го содржи значително најмногу од која било друга храна, потоа има во својот состав и витамини Ц и К, фолна киселина, ниацин и рибофлавин. Модерниот човек внесува производи со висока киселост, започнувајќи од пијалокот, месото, јајцата и месните преработки. Многу медицински студии покажуваат дека богатиот состав на спирулината успешно ја контролира базната средина на организмот и го намалува ризикот од разни болести.
spirulina2

 

За што се употребува спирулината?

Употребата на спирулината е широка и делува на различни начини врз човечкиот организам и неговото здравје:

  • Го прочистува организмот и ги уништува слободните радикали

  • Помага во регулирањето на телесната тежина

  • Ја подобрува работата на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок

  • Го подобрува варењето и работата на системот за варење и ја обновува цревната флора

  • Ја зголемува умствената енергија и работата на мозокот

  • Го подмладува организмот и го забавува стареењето

  • Се користи при менструални прОблеми, проблеми со жолчката, црниот дроб, при опстипација, артритис…

Спирулината се препорачува и за:

  • Спортисти на кои им е потребна енергија и физичка издржливост

  • За луѓе на кои име потребна детоксификација на телото од токсини, тешки метали, алкохол, пушење и прекумерна употреба на лекови

  • На трудници кои имаат зголемена потреба за протеини и железо

  • Анемични луѓе, поради подобрување на крвната слика

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина