Спиење со кромид во чорапите?
Дали знаевте дека на вашите нозе се наоѓаат точки кои имаат моќно и директно делување врз внатрешните органи. Во кинеската медицина, овие точки се наречени меридијани и претставуваат пат кон секој орган во вашето тело.Некои луѓе веруваат дека меридијани, всушност и не постојат. Оние кои ја учат традиционалната кинеска медицина и ги разбираат нејзините основни принципи, сфаќаат дека системот на меридијаните е тесно поврзан со нервниот систем. Нозете имаат голем број на нервни завршетоци (околу 7000 меридијани), кои се директно поврзани со различни органи. Оние во внатрешноста на телото делуваат како моќен електричен круг, но балансот во тој круг е многу често нарушен како последица на секојдневниот живот. За жал, многу малку луѓе работат на враќање на рамнотежата на електричниот круг преку, на пример, акупресура.
Затоа, експертите препорачуваат да често одите боси, бидејќи на тој начин се стимулираат меридијаните на нозете.
Кромид и лук се познати по нивниот капацитет за прочистување. Може да го прочистуваат воздухот и телото, без разлика дали ги нанесувате локално или ги консумирате. Тие имаат неверојатна способност да убиваат бактериите и микроби. Фосфорна киселина (соединение кое што предизвикува солзи кога го сечете) влегува во крвотокот и го стимулира прочистувањето на крвта.
Повторното користење на кромид не е препорачливо, бидејќи со стоење собираат микроби и бактерии. Постојат два основни начини кои ќе ви помогнат во прочистување на крвта, да ги уништите бактериите и микроорганизмите.
Исечете го на парчиња органскиот кромид
Користете органски кромид, бидејќи тој не содржи пестициди и други хемикалии кои дефинитивно не ги сакате на своите нозе кои цела ноќ ќе навлегуваат во крвотокот. Исечете го кромидот на тенки парчиња, така што ќе можете еднакво да ги нанесете на нозете. Тенките парчиња подобро ќе се прилепат на кожата и нема да се одвојуваат во текот на спиењето.
Ставете парчиња кромид во чорапите и спијте
Додека спиете, ќе почне да делува исцелителната моќ на кромидот. Ќе навлезе преку кожата, ќе ја исчисти крвта, уништи бактериите и микробите, а во исто време ќе ги апсорбира токсините.
Кромид, исто така, ќе го прочисти воздухот во вашиот дом. Во некои држави, употребата на кромидот за прочистување на воздухот е рутина. Исечете го кромидот и ставете го да стои цела ноќ. На овој начин можете себе си и на вашите членови на семејството да ги заштитите од инфекција.
Зошто е добро да се спие со кромид во вашиот чорап?
-Кромид ќе го уништи бактериите, микробите и патогените
-Кромид и лук имаат моќни антибактериски и антивирусни дејства.
-Кромидот ќе ја прочисти крвта
Кога фосфорна киселина од кромидот навлегува во вашето тело преку кожата, таа ќе почне да го прочистува телото.
Додека спиете, кромидот кој е на вашите нозе ќе го прочистува воздухот, ќе го намали непријатниот мирис на стопалата , ги апсорбира токсините и хемикалиите.
fg f dfdgg df df