Откако ќе дознаете кои се се последиците од оваа лоша навика, нема да ве мрзи да потрошите 10 минути за да ја исушите косата.

 

Главоболка

 

Спиењето со мокра коса во повеќето случаи гaрантира главоболка, бидејќи во текот на спиењето температурата на телото се зголемува. Како што телото се загрева, така влагата која се насобрала во крпата со која сме ја замотале главата може да предизвика главоболка, поради тоа што имало голема разлика во температурата.

 

Кршење на косата

 

Моката коса почесто се крши. Одлуката да спиете со мокра коса создава можност да дојде до големо губење на истата. Поради тоа не би било никогаш умно да се спие со влажна или мокра коса.

 

 

Инфекции

 

Перниците се идеално место за бактериите, бидејќи ја апсорбираат потта и мртвите клетки од кожата. Влажната коса ја влажни крпата и ја пренесува влагата на перницата, која станува идеално место за развој на бактериите.

 

Чешање

 

Спиењето со мокра коса може да предизвика различни видови чешања, поради влагата која се создава на кожата од главата.

 

Болка во мускулите

 

Ненадејните промени на температурата не само што предизвикуваат болка во мускулите, туку можат да доведат и до тешки грчеви, дури и парализа. Работата е сериозна, зашто може да доведе до парализирање на целото тело и да предизвика смрт.

 

Првут

 

Влажниот скалп може да ја попречи функцијата на лојните жлезди на главата, кои може да почнат да поризведуваат повеќе или помалку масла, што ја нарушува рамнотежата на природната pH вредност на кожата на главата. Како резултат од тоа настанува првут или прекумерно масна кожа на скалпот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина