Склековите се една од најдобрите вежби за горниот дел од телото, бидејќи ги активираат рамењата и градите, а нејзини варијации постојат колку што сакате. Една од варијациите која следува подолу е одлична за целиот горен дел од телото, бидејќи ги вклучува и стомачните мускули – а најмногу оние со кои повеќето од нас се борат, со мускулите ,,на страна,,. Од оваа причина треба да ја вклучите ова вежба во својата секојдневна рутина на вежбање или тренинг.

Еве што треба да направите:

Прво застанете во положба на планк, така што рацете да ви бидат поставени под рамењата, а телото поставете го во права линија. Ако не можете да направите склек на овој начин, спуштете ги колената на под.

Како што ќе ги свиткувате лактите кон надвор и ќе го спуштате торзото кон подот, свиткајте го левото колено, до толку што да го допрете левиот лакт.

Како што ќе ги исправате рацете, вратете се во положба на планк и полека спуштете ја левата нога до десната. Потоа пак спуштете го торзото, свиткајте ги лактите и подигнете го десното колено до десниот лакт. Вратете се во првобитна положба.

Ова се смета како едно повторување, а вам ви останува да направите повторувања колку што сакате.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина