Не дозволувајте претходните неуспеси да ве обесхрабрат. Посегнете по целта и имајте половина каква што отсекогаш сте сакале. Овие совети ќе ви помогнат во тоа.

1. Занимавајте се со физички активности

Иако немате време, сепак треба да одделите малку и за физичка активност. Тие нека бидат, колку што е можно, составен дел од вашата секојдневна рутина.

2. Збогувајте се со проблематичните намирници, на кои инаку тешко им одолеавте

Во оваа група најчесто се вбројуваат сладолед, чипс или чоколада, иако листата се разликува од човек до човек. Целосното елиминирање на штетните, непотребни намирници, е една успешна стратегија.

3. Јадете за да се заситите, а не за да го задоволите апетитот

Ова е еден од основните принципи на слабеењето. Гладот е физиолошка потреба за храна и таа ги одразува вистинските потреби на човечкото тело.

4. Џвакајте ја полека храната

Колку подолго ќе џвакате, толку повеќе ќе уживате во оброците. Заблуда постои дека храната треба да се ,,измие,, со пијалок. Одбегнувајте да пиете за време на јадењето и обидете се еден час по оброкот, па до половина час пред следниот, пиете само обична вода. Не посегнувајте по грицки, ужина или напитоци кои изобилуваат со празни калории.

5. Одлучете се за помалку порции и не користете поголеми чиниии

Така кога ќе морате да станете по уште, желбата за храна ќе се намали, а мозокот ќе има повеќе време за да испрати сигнал дека сте сити.

6. Оставајте ја вилушката помеѓу одделни оброци.

Иако не сте сосема сигурни дали сте сигурни, станете од масата.

7. Денот започнете го со обилен појадок

Добриот појадок ќе ви ја зајакне вашата одлучност пред пладне да не ставите ништо во уста освен вода. Наутро телото може да ни согори најмногу масти, додека навечер физиологијата се насочува кон градење на ткивата и дополнување на резервите масти. Една студија покажала дека може да се постигне исклучителен успех во слабеењето ако не јадеме по три часот попладне. Одбегнувањето на обилни и тешки оброци навечер и тоа како помага во губење на вишокот килограми, а наутро доаѓа време за појадок, ќе почувствувате вистинска глад.

8. Одбегнувајте ужини.

Некои навистина губат од тежината кога јадат пет или повеќе помали оброци. Она што најмногу оди во прилог на варијантата од пет или шест помали оброци, ако се придржуваат до ова ,,помали,, е исклучувањето на обилните и тешки вечери. Меѓутоа, повеќето од нив токму вака добиваат на тежина, затоа што тешко се придржуваат до ова ,,помали,, па имаат повеќе можности за прејадување. Вечерата може да биде помала и полесна, дури и кога јадете по три оброци дневно.

9. Јадете повеќе намирници од растително потекло

Растителната исхрана може само да ви донесе полза. Менито сосставено само од растителна храна има низа корисни ефекти врз здравјето. Сепак, не мора да сте чист вегетаријанец за да имате полза од зголеменото консумирање на овошје, зеленчук и житарки.

10. Намалете го конзумирањето на масти

Ако консумирате лоши видови на масти, тие ќе придонесат за зголемување на вашата телесна тежина. Со оглед на тоа што поголем дел од растителните намирници не содржат премногу масти, тоа нема да биде случај. Во однос на мастите, телото согорува повеќе калории (т.е.губи повеќе енергија) кога внесуваме протеини и јагленохидрати.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина