Фокусирајте се на своите навики наместо на конкретна диета. Со ослободување од една лоша животна навика, ќе имате поголем ефект отколку со десеттина краткотрајни и тешко издржливи диети. Губењето на тежината никогаш не би требало да ви биде единствена цел. Обидете се својата енергија да ја насочите кон здрав начин на живот и тоа, на крајот, веројатно ќе придонесе за постепено намалување на килограмите.

 

Не плашете се од големи промени во својот начин на живот. Иако промената на навиките на почетокот бара голем напор, телото ќе тежнее да се прилагоди на новите услови и времето и овие навики ќе станат нешто сосема природно и пријатно. Научните истражувања покажуваат дека е сосема можно да се засакаат своите нови навики, некогаш и повеќе од оние старите. Не дозволувајте претходните неуспеси да ве обсхрабрат. Заборавете го она што поминало и посегнете по целта и успехот кои се пред вас.

 

 

Занимавајте се со физички активности.

Иако немате многу време, потребно е малку да имате секојдневни физички активности.

Тие нека бидат, колку што е тоа можно, составен дел од вашата секојдневна рутина. Иако би сакале вежбањето да ви трае според препорачаните 30 минути, дури и куси 5 минути ќе му користат на вашето здравје. Тоа можат да бидат кратки вежби.

 

Кажете им збогум на проблематичните намирници на кои инаку тешко им одолевате.

 

Во оваа група се вбројуваат најчесто сладоледот, чипсовите или чоколадите, иако списоко се разликува од поединец до поединец. Целосното елиминирање на штетните, непотребни намирници е единствена успешна стратегија. Исто е и со алкохолот и никотинот. Повременото – ,,умерено,, користење обично не е најдобра опција.

 

Јадете за да ја задоволите гладот, а не да го задоволите својот апетит.

 

Ова е еден од основните принципи на слабеењето. Ќе ви биде појасно ако ги земете предвид и следниве дефиниции:

 

Гладот е физиолошка потреба за храна и таа ги одразува вистинските потреби на човековото тело.

 

Апетитот (желба за нешто, за некој вкус) е ментална потреба за храна која може, но и не мора да биде ускладена со вистинските физички потреби.

 

Кога се раѓаме, нашиот организам добро ја распознава разликата помеѓу гладот и апетитот. Меѓутоа, општеството не учи да јадеме и тогаш кога не чувствуваме глад. Најдобар начин со кој ќе успеете да го разликувате гладот од апетиот, е да забавите со темпото – брзината на консумирање на храната. Ако сте од оние кои јадат пребрзо, обидете се со следново:

 

Џвакајте ја храната полека. Колку подолго го џвакате секој залак, толку повеќе ќе уживате.

 

Постои заблуда дека храната треба да се консумира со пијалок. Одбегнувајте пијалоци за време на јадењето. Многу често се случува жедта да се протолкува како глад. Обидете се еден час по оброкот, па до половина час пред почеток на следниот, да пиете само обична вода. Не јадете грицки, немајте ужина и не пијте пијалоци кои имаат празни калории во себе.

 

Јадете помали порции.

 

Поради тоа не ставајте големи чинии пред себе. Кога ќе мора да станете по уште, желбата за храна ќе се намали, a мозокот ќе има повеќе време да испрати сигнал дека сте сити.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина