Билo на работа или дома, на излет или во прошетка, секогаш добро би ни дошло при рака да имаме некој добар сочен сендвич, за да го задоволиме гладот. Ако овој сендвич е уште и здрав, тогаш ја претвора целата ситуација во едно мало пријатно искуство.

Поголемиот дел од времето сме опкружени со различна брза храна или пак храна од пекарите, која што нутритивно е многу лоша храна, многу често е подготвена од бело брашно, пржена во масло кое се користи премногу пати без замена, едноставно, храната е подготвена од намирници со сомнителен квалитет. За да се заштитите од таква ситуација, можете сами да си ги подготвите сендвичите дома. Освен тоа што ќе заштедите пари, ќе можете да бидете сигурни дека ќе јадете здраво и квалитетно.

1. Изборот на леб

 

Во широката понуда на леб на пазарот, полесно ќе изберете леб ако прво ги отфрлите оние кои се најнездрави, а тоа се сите оние, кои што се направени од бело брашно. Повеќето од останатите се направени од мешавина со бело брашно.

На вистинскиот интегрален леб има етикета со сертификација, која што потврдува дека е направен од цело зрно, дека содржи можеби овесно или ‘ржано брашно, повеќето од нив имаат и семиња и ги има во различни форми и вкусови.

 

sendvici_1

 

2. Извор на протеини

 

Избегнувајте шунка, салами, нарезок итн. Освен тоа што содржат натриум, изобилуваат со конзерванси. Сендвичот подгответе го со туна, пилешко, мисирка, тврдо варени јајца итн. Дури и било каков стек е подобар од салама во сендвичот.

Секој сендвич ќе биде уште повеќе вкусен со малку сирење. Користете моцарела или вкусно козјо сирење, а можете да користите и свежо сирење со малку масленост, кое ќе го намачкате на лебот, па врз него додадете некој вид на месо или туна.

 

3. Зеленчук

 

Наместо со обичната невкусна зелена салата, сендвичот подгответе го со крес, рукола, неколку ливчиња босилек или аспарагус . Се разбира, не ги употребувајте сите во исто време, туку изберете ги во зависност од вашиот вкус.

Пченката или печурките се исто така чести во сендвичите, и можете да додадете во вашиот сендвич малку морков, грав, грашок или вргањ.

 

4. Зачини

 

Додадете зачини, како што се неколку капки сок од лимон или оригано, можеби дури и малку црн пипер или чили пиперки, во случај ако користите месо во сендвичот. Овие мали детали, ќе создадат една сосема поинаква приказна од вообичаениот досаден сендвич.

 

5. Подготовка

 

Некои сендвичи можат да издржат подолго, а некои пократко. Бидете сигурни дека на лето, ќе ги подготвувате сендвичите близу времето за оброк. Ако имате долг ден, подгответе си сендвич кој што ќе може да издржи толку долго. Доколку имате кутија за оброк на работа, намирниците ставете ги одделно и подгответе си го сендвичот веднаш пред да го консумирате, за да може да ја задржите свежината на сендвичот, кој што многу лесно може да се навлажни, од намирниците во него кои стоеле подолг период.

 

6. Комбинации

 

Во прилог на сендвичите, се разбира, секогаш можете да оставите простор за уште малку зеленчук, или пак некој вкусен гарнир или салата. Вистинско освежување и дополнување на вашиот сендвич, можат да бидат и цветот од карфиол или брокула, домати, боранија и артичока, со малку маслиново масло, кои што се, исто така, додаток на витамини и влакна кои ќе му помогнат на вашето тело, сендвичот многу полесно да го преработи.

 

7. Сосови

 

Наместо нездравите мајонез или кечап или пак некои од силните индустриски преливи, подгответе си самите свој сос. Користете крем од соја како основа или пак јогурт. Во нив, измешајте една лажичка пире од домати, пиперка или чили по вкус. Можете да подготвите и сосови со билки. Во јогуртот можете да додадете и билки од медитеранот.

Од сардина или туна можете да направите намаз, во кој што ќе додадете мешавина од медитерански билки, со кој што ќе го намачкате сендвичот за да биде посочен. Со намазите од риба најдобро е да го комбинирате младото сирење иако вие можби имате некоја ваша омилена комбинација.

 

8. Слатки сендвичи

 

Освен како во горенаведените комбинации, сендвичите можете да ги подготвите и слатки. Интегралниот леб со мармалад сендвичите ги претвора во колачи. Најчесто. Ако сте биле вредни, и пролетта и летото сте подготвиле џемови и мармалади со фруктоза, сега имате убави и здрави намирници со кои можете да ги намачкате сендвичите кога и да посакате благо. Веројатно, сепак не сте ги подготвиле, но тоа не е причина да не ги изберете мармаладите, особено оние кои што се ниско калорични, кои што се подготвени со фруктоза или пак со вештачки засладувачи.

Освен мармалади, во сендвичите можете да додадете и по некое ливче нане, за да го подобрите вкусот на сочниот сендвич.

Уживајте во вашиот оброк!