Едноставната и тешка вистина за растот на мускулите е дека некои луѓе имаат подобра генетика кога станува збор за градење на мускулите. Други, пак, мора да вежбаат многу напорно, да го даваат максимумот од себе само за на крај да забележат некаков напредок. И додека на другите им успева да изградат големи раце само со вежбање едноставни вежби, има такви чии бицепси остануваат осредни и покрај тешкиот и напорен тренинг.

Па, иако сето она гореспоменато можеби звучи импресивно, постојат мали шанси дека ќе научите било што од првите момци. Напротив, ако сакате да создадете метод за развивање на вашите бицепси, најверојатно треба да се обратите за совет на вториве. Тие се оние кои веројатно треба да изнајдат извонредни методи за да додадат некој сантиметар повеќе на рацете. Годините на обиди и грешки ги научиле овие вредни спортисти како да го искористат секој нивен сет, испробувајќи различни рутини и високо интензивни принципи. Во продолжение на текстов ќе претставиме неколку стратегии од одлични боди билдери, кои се изнамачиле додека да ги добијат нивните импресивни огромни мускулести раце. Дознајте кои се пречките кои можат да се појават на вашиот пат до одлична фигура и како да ги надминете.

Совети за градење на рацете

Доколку спаѓате во групата на просечни мажи, следењето на следниве совети ќе ви биде од голема полза за да ги развиете рацете.

  •  Требате да ги вежбате рацете одделно. Одбегнувајте да ги тренирате по завршување на некоја поголема мускулна група. Тие треба да бидат свежи и подготвени за кревање тешко.
  • Намалувајте ја одвреме – навреме тежината што ја кревате. Понекогаш е подобро да се намали тежината. Намалете најмалку 10% од неа.
  •  Со намалување на тежината што ја кревате ќе изградите подобра врска помеѓу умот и мускулите. Чувството за тоа како ви се напнуваат мускулите е исто толку важно колку и кревањето голема тежина.
  •  Исто така ќе помогне ако ги намалите повторувањата. Ограничете ги на опсег од 8 до 15.
  •  Фокусирајте се на изведување квалитетни повторувања. Не мамете при изведувањето. Така само самите ќе си се лажете и вашите цели. Обидете се да ги контролирате повторувањата како што ќе напредувате. Штом еднаш ќе стигнете на врвот, паузирајте и стегнете ги мускулите. Истото направете го и со надолното движење, нагласувајќи го негативниот дел од повторувањето.
  • Твоите бицепси и трицепси треба да се нападнат од различни агли. Како резултат на тоа ќе треба да користите различни движења за во целост да ги активирате.
  • Ако рацете не ви напредуваат и заостануваат зад другите мускули, можеби треба да обратите поголемо внимание на нив. Можеби ќе треба да размислите да им обратите поголемо внимание. Можеби ќе треба одреден период да ги тренирате почесто од другите делови од телото.
  • Високо интензивните техники треба да се централен дел од вашата рутина. Вклучете во вашиот протокол повторувања со помош на партнер кој ќе ви помага, неконвенционални техники на повторувања и намалување на тежината на теговите и продолжување со тренингот со помала тежина за подобар раст на мускулите.
  •  Одбегнувајте да се заглавувате во истата стара рутина. Вашите раце се како и секој друг мускул во вашето тело. Тие се навикнуваат на тежината, аглите и динамиката и одбиваат да растат. Токму затоа е потребно да додавате нови вежби, да го менувате опсегот на повторувањата, да ја зголемувате тежината или периодот на одмор. Кажано со други зборови: ЕКСПЕРИМЕНТИРАЈТЕ!!! Иако можеби ќе откриете дека некои докажани вежби не се добри за вас, ќе откриете дека некои други, помалку популарни и неоткриени движења, почнуваат да ви ги билдаат рацете. Како и во секој друг аспект од животот, промената исто така е една од најважните елементи на боди билдингот.
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.