Нашата кожа дише преку порите. Тие и овозможуваат да биде убава и кадифена. Проблемот се појавува во оној миг кога порите се прошируваат поради количината на насобрани нечистотии. Можеби во повеќето случаи тоа ни наликува на небулоза, бидејќи сигурно повеќето од вас мислат дека ја негуваат и чистат кожата на правилен начин.

Големината на порите е генетски предодредена. Обично луѓето со светла кожа имаат помали пори, додека оние со потемен тен на кожата често имаат поизразени и пошироки пори. Исто така, тука голема улога игра и типот на кожата. Сувата кожа најчесто се карактеризира со ситни пори, кои често одвај се видливи, додека масната кожа ја прекриваат големи пори. Видливи пори можат да се појават и поради механички трауми на кожата, предизвикани од стискање на мозолчиња и комедони. Комедоните и големите пори речиси секогаш одат заедно, бидејќи познатите ,,црни точки,, се оние кои ги шират порите. Но, на големината на порите можат да влијаат и повеќе причинители. Оштетувањата на кожата од УВ зраците го намалува нивото на колаген, кој ја одржува цврстината и еластичноста на кожата, а како резултат на тоа порите можат да станат видливи. Количината на колаген се намалува и како последица на стареењето, па дамите во позрели години често се жалат на проширени пори.

Како настануваат порите
Проширените пори се нешто кое во повеќето случаи е генетски наследно. Најчесто се јавуваат кај оние луѓе кои имаат масна кожа на лицето, иако не е така во 100% од случаите. Освен тоа, проширените пори настануваат поради неправилна нега на лицето и поради претерано изложување на УВ зраците. Причини се исто така и пушењето, неправилната исхрана и намаленото внесување на вода.

Правилна нега на кожата
Сигурно повеќето од вас имаат слушнато за правилото дека за време на миењето, топлата вода овозможува да се отворат порите. Тоа е точно, но она на кое треба да обратите внимание е тоа што откако ќе го завршите својот ритуал на чистење на лицето, задолжително треба да го измиете со студена вода или да го истриете со мраз. Ледената вода ќе ги намали подобро од кој било производ. Исто така, потрудете се да го чистите лицето два пати дневно: наутро и навечер. Ова се чекори кои никако не треба да ги прескокнувате. Многу е важно и никогаш да не си легнувате со шминка на себе. Понекогаш сме уморни да ја извадите шминката, но подобро е да останете уште некоја минута будни, отколку наутро да се разбудите со мозолки.
Пилинг
Пилингот подготвен од природни состојки, како шеќер, сол, масла или мелени овесни снегулки, е вистински рај за кожата. Вака подготвениот пилинг втријте го во кожата и ќе видите како по миењето порите ќе ви бидат видно намалени.

Природни маски
Маската која најмногу помага е онаа од бела глина. Сок од половина портокал измешајте со бела глина и со една лажичка мед. Нанесете ја оваа маска на лицето и оставете ја да делува петнаесет минути. Измијте ја со студена вода.

Третмани
Ако вашиот проблем со проширените пори е нешто кое никако не можете да го држите под контрола, тогаш е време да се подложите на козметички третмани. Еден од таквите е микродермоабразија, кој функционира на принципот на механички пилинг,кој го отстранува површинскиот слој на мртви клетки од кожата.

Исхрана
Исхраната треба да биде разновидна и богата со витамини и омега три масни киселини, а да се одбегнува да се јаде нездрава храна, слатки и млечни производи.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина