Функционалниот тренинг привлекува внимание ширум светот, но и понатаму постојат бројни недоумици за тоа што всушност тој претставува. Тренингот со тегови и класични кардио справи го замени светскиот тренд на високо интензивни, индивидуално прилагодени функционални тренинзи.

 

Големи тракториски и камионски гуми, масивни синџири и јажиња станаа неопходен реквизит на ,,тренингот на 21 век,,. Како што многумина поинаку го нарекуваат функционалниот тренинг. Станува збор за тренинзи кои овозможуваат повеќе групи на мускули да бидат истовремено активирани преку интегрирани и комплексни движења кои ги вклучуваат и умот и телото.

 

Во чекор со глобалниот тренд, ви претставуваме осум клучни совети за квалитетен функционален тренинг:

 

Добро проценете ја својата моментална форма

 

Се работи за високо интензивен вид на тренинг, во кој вежбите се кружно конципирани, како што се мртвото подигање, склековите, пропаѓањето и други кои бараат одредена кондиција. Поради тоа почетниците најчесто се префорсираат и се откажуваат од овој вид на тренинг. Важна е проценката на личните капацитети, како појдовна основа за напредок и поместување на границите.

 

Бидете присутни на тренингот и покажете максимална концентрација

 

За разлика од вежбањето со справите, каде ви е дозволено понекогаш да заталкате во мислите, кај функционалниот тренинг тоа е речиси невозможно. Вежбачите мораат да бидат целосно вклучени и концентрирани за да можат да ги изведат сите вежби, бидејќи тие претставуваат обединување на физичкиот и менталниот предизвик.

 

Одберете ја најдобрата опрема и тренирајте како шампион

 

Изборот на квалитетна опрема е подеднакво важен како и самиот тренинг.

Вклучете го целото тело и зајакнете ги слабите точки

 

Функционалниот тренинг е најкомплетниот начин на тренирање кој ги комбинира сите елементи – сила, кондиција, експлозивност, брзина и издржливост. Заедничка нишка кај сите овие вежби е ангажирањето на повеќе групи мускули истовремено, со јакнење на најслабите делови на телото – стомакот и долниот дел на грбот.

 

Помалку различни вежби за поголем ефект

 

При креирање на програмата за овој вид тренинг акцентот е ставен на изведувањето помал број вежби со повеќе повеќе повторувања, така што неретко целиот тренинг се состои од само две вежби. Токму поради споменатиот висок интензитет на вежби, тренинзите траат околу 30 минути.

 

Тренирајте во пар

 

Одберете еден идеален тренинг партнер кој ќе ви биде поддршкаи мотиватор. Пронајдете го тој кој ќе ви помогне да ги поместите границите и кој нема да дозволи да се откажете при првата пречка.

 

 

Си поставувате цели и се стремите кон нив

 

Не дозволувајте главната цел да ви биде регулирање на телесната маса или градењето на мускулатурата. Поставувајте си краткорочни цели сопомош на кои ќе ги унапредите сопствените перформанси и ќе направите тренингот да стане составен дел од вашиот живот и одличен вентил за сите дневни предизвици. На овој начин тренингот трајно ќе го воведете во својата рутина и ќе го упапредите суштински квалитетот на животот.

 

И секако, правилна исхрана!

 

За постигнување какви било резултати неопходно е да се редуцира исхраната. Одбегнувајте масна храна и слатки, а внесувајте оптимална количина протеини, овошје и зеленчук. Исто така, важна е рехидратацијата на организмот – пијте од 1,5 до 3 литри вода дневно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина