Започнете да зборувате и поставувајте прашања

Жално е тоа што многу мажи и жени се срамат да зборуваат отворено за сексот. Со својата партнерка треба да зборувате за тоа што го сакате и што ве возбудува. Никој никому не може да чита мисли. Многумина погрешно толкуваат некои сигнали кога е сексот во прашање, а ако нема комуникација, тешко дека ќе имате квалитетен сексуален живот. Зборувајте за она што ви се допаѓа и поставувајте и прашања на вашата партнерка, за да дознаете што таа сака.

Со другите однесувајте се онака како што би да се однесуваат со вас

Може да се каже и: “Не им го правете на другите она што не би сакале тие да ви го прават вас”. Реципроцитетот и меѓусебното почитување се клучот за градење на безбеден и удобен простор во кој можете да уживате во сексот. Никој не би требало да очекува сексуални услуги, како што се орален секс или анален секс, доколку тој и самиот не е во состојба да пружа орален секс или да и пружа одредени сексуални услуги за својата партнерка. Тешко да се разбере комплексноста на човечкото тело или да се обезбеди задоволство без да бидете подготвени за обострано истражување.

Сексот не е единствениот пат до нејзиното задоволство

Дорбо е познато дека на мажите им е полесно да постигнат оргазам отколку на жените. Повеќето мажи не можат да издржат долго за време за секс, но вие не треба да сметате на тоа дека сексот е единствениот начин за да ја задоволите својата партнерка. Доколку не можете да издржите доволно долго за време на секс, а вашата партнерка сеуште не постигнала оргазам, галете ја, бакнувајте ја, пружете и орален секс … Накратко, применете некои други техники за да ја доведете до оргазам. Пет минути за некои жени едноставно не е доволно.

Ако таа не е влажна – не е подготвена

И женското тело, како и она на мажот има природна реакција на возбуда. Доколку се обидувате да пенетрирате во жена која “таму долу” не е доволно влажна, тешко дека вие или таа ќе уживате во чинот. Сексот би требало да се случи кога двете тела се подготвени. Покрај тоа, и еден лубрикант може одлично да ви се најде.

Не се оптоварувајте со големината, фокусирајте се на техниката

Без оглед на големината на пенисот, секој маж би требало да се фокусира на техниката. Како кај пенисите, така и кај вагините, не се сите со иста големина. Значи, многу поважно е како го користите пенисот, отколку тоа колку е голем.

Клиторисот функционира на таинствени начини

Клиторисот е многу чувствителен, тој содржи најмалку 8.000 нервни завршетоци. Не е пожелна груба стимулација, силен притисок ниту брзина. Без разлика дали ги користите вашите прсти или јазик, следете го говорот на телото на партнерката. И не заборавајте да зборувате со нејзе или да и поставите прашања. Можете да и понудите да се самозадоволува, самата а го стимулира клиторисот со прстите додека вие гледате. Таа сигурно подобро од вас знае како тоа се прави и што и одговара, дозволете нека ве научи.