Се вели дека доколку не трчате брзо, можете да вежбате брзо трчање и своите можности да ги подигнете на ново ниво. Затоа за Вас ги издвоивме најдобрите совети кои ќе ви помогнат да ги оставите сите противници зад себе, без разлика дали се занимавате со атлетика, фудбал или било кој друг спорт, во кој брзината може да донесе навистина значителна предност.

– Извежбајте ја и усовршете ја вистинската техника : За постигнување на максималната брзина, не смеат да постојат грешки во движењето. Горниот дел од телото мора да биде опуштен, тлото да се допира со половина стопало, а рацете би требало да вршат помошно движење лулајќи се напред-назад и тоа свиткани под агол од 90 степени.

– Избројте ги чекорите : Врвните атлетичари прават околу 180 чекори во минута, ја пронаоѓаат вистинската должина на чекорот, доволно кратка да се движат нозете брзо, а сепак доволно долга за брзо да преминуваат големи далечини и да не го запираат одот на нозете порано од потребното.

– Не заборавајте на кратките спринтови : Причината поради која врвните атлетичари прават кратки спринтови непосредно пред самата трка е тоа што им овозможува да ја подобрат можноста за забрзување.

– Трчајте и на лента за трчање: На лентата за трчање е полесно да трчате побрзо, а можноста за регулирање на брзината, ќе ви овозможи фантастична подготовка за вистинско трчање..

– Истегнете се : Истегнувањето ги намалува можностите за повреди при трчање, заради напорите кои ги создава телото при трчањето, така што превентирањето на повреди на овој начин е вистинската работа.

trcanje_2

– Скокајте: Прескокнувањето јаже е една од нeoпходните моторички вежби за нозете на која особено внимание обрнуваат боксерите.

– Зајакнете ги мускулите на јадрото: Силните мускули на јадрото, од кои посебно внимание треба да им се обрне на долните стомачни мускули, му овозможуваат на телото да поднесе поголема сила и поголема брзина во текот на трката.

– Прескокнете ги слатките нешта: Нездравата храна гарантира огромен внес на шеќер, а баш тоа е она не забавува. Освен на слатките, треба да внимавате и на останати облици на едноставни јаглехидрати како тестенините, затоа бирајте темни тестенини од цели семиња.

– Ослабнете : Најлогичен совет кој има најдлабока врска со деградирањето на атлетските способности. Секој килограм помалку директно ќе може да се забележи на стоперицата при вежбање на спринтови.

– Гледајте напред : Гледањето напред, во одалеченост од 10-20 метри, ќе ви помогне да гледате кон целта, а не непосредно пред себе, разбудете ги потсвесните чувства со замислување на пристигнувањето на посакуваните точки кои ги гледаме, сето тоа ќе влијае на благо забрзување.

– Не заборавајте на кафето : За зависниците од кафе ова е најдраг совет – напијте се кафе непосредно пред трката, бидејќи токму таа супстанца овозможува дополнителна доза на сила и брзина, а и покрај ефектот, не спаѓа во нелегални суплементи.