Иако се потребни понатамошни истражувања за да се откријат сите благодети од сексот, го претставуваме списокот на оние кои стручњаците досега ги имаат утврдено.

Поради сексот се чувствуваме добро и затоа го посакуваме, сакаме и минуваме толку многу време во потрага по соодветните партнери. Задоволството кое ни го дава во најголем дел е поврзано со испуштањето на допамин, невротрансмитер кој го активира центарот за надградување во мозокот.

Како антидепресив

Истражувањата вршени на Универзитетот во Олбани, САД, во 2002 година, пкажале дека оние кои имаат секс без презервативи имаат помали симптоми на депресија од оние кои користеле ваков вид на заштита. Начниците поставиле хипотеза дека различни состојки од семето, вклучувајќи ги естрогенот и простагландинот, имаат антидепресивно делување. Тоа е добра вест за сите оние кои се во долга и сериозна врска. Меѓутоа, оние кои немаат постоја партнер или партнерка, не би требало да се откажат до презервативите.

Може да депримира

Околу една ретина од жените кои учествувале во истражувањето, изјавиле дека по сексот чувствуваат тага, ако е можно тоа да се случува кога ќе пожалат што вопшто се впуштале во сексуален однос, стручњаците сепак не успеале во целост да ја објаснат оваа поврзаност.

Ублажува болка

Немојте да одбегнувате да имате секс кога имате главоболка. Истражувањата покажале дека сексот може да ја намали болката. Научниците сметаат дека тоа е поради делувањето на окситоцинот, хормонот кој помага во зближувањето на мајката и детето, за кого е познато дека делува како аналгетик.

Заборавеност

Се работи за ненадејно, кусо губење на помнењето, кое не може да се припише на ниту една невролошка состојба. Познато е дека до ова може да дојде по ,,жесток,, секс, но и по емоционален стрес, болки, помали повреди на главата, медицински зафати или скокање во топла или студен вода. Заборавеноста може да трае од неколку минути до неколку часа, а додека трае, личноста создава помнење за најновите настани. За среќа, не постојат никакви трајни последици.

Подобрување на помнењето

Имено, едно истражување од 2010 година, во кое биле споредувани стаорци кои имале право на само еден полов однос со оние кои имале секс како маратонци по еднаш на ден во текот на две недели, се покажало дека кај ,,маратонците,, растел бројот на неврони во делот на мозокот поврзан со помнењето. Уште едно истражување вршено врз глувци го поткрепило ова истражување, но се уште треба да се утврдува дали редовниот секс има исто дејство и врз луѓето.

Смирува

Луѓето кои штотуку имале секс одговараат подобро на стресните ситуации, како што е јавниот говор, за разлика од оние кои немаат секс. Сексот помага и за намалување на крвниот притисок.

Спиење

Сексот попрво ќе ги заспие мажите отколку жените, а стурчњаците мислат и дека знаат зошто. Делот од мозокот познат како преден фронтален кортекс се смирува по ејакулацијата. Тој, покрај испуштањето на окситоцин и серотонинот, може да биде одговорен за заспивањето, кое многу често им се случува на мажите после секс.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина