Со цел да сопрат главоболка, повеќето луѓе посегнуваат по медикаменти. Тие даваат резултати, но знаеме дека не е добро секогаш да се потпираме на ,,шарените топченца,,. Ова се некои од природните начини на кои може да се ослободите од главоболката.

Вода

 

Дехидрацијата е една од најчестите причини за главоболка. Понекоаш луѓето не се свесни колку малку пијат вода. Ако често престојувате во климатизирани простории, патувате со автомобил или автобус, треба секогаш да пете дополнителни количини вода. Водата е најдобриот лек за главоболка, а стручњаците велат дека дури 70% од главоболките се предизвикани од дехидрираност.

Чај

 

Напијте се шолја чај од лаванда, засладен со мед. Чајот треба да се пие со лажица. Како кога јадете супа. Лавандата ги опушта нервите и мускулите, па одлично ќе делува кај главоболка предизвикана од стрес. Ако пиете чај лажица по лажица, го забавувате организмот, ја намалувате напнатоста и ги опуштате мускулите на лицето.

Јаболки

 

Едно јаболко ако се изеде цело, без да се лупи, помага кај главоболка. Јаболкот треба притоа да се гризе, не да се сече со нож.

Јаболкит есодржат нутриенти кои ќе делуваат поволно на главоболката, а целта на гризење на јаболкото е во тоа се истегнуваат мускулите во вилицата. На тој начин се намалува напнатоста кај сите мускули во главата.

Пенкало

 

Загризете попречно едно пенкало со отворена уста и задржете го така неколку минути. Држењето на отворената уста ќе ја намали напнатоста во мускулите.

Ова ќе делува против главоболка слично како и јаболкото, но ако сте во канцеларија и акоимате пенкало и две чаши вода, веќе се поголеми шансите во тој сучај главоболката полесно да ви попушти.

 

Зачини

 

И зачините се подеднакво ефикасни за овој проблем. Направете супа и зачинете ја со магдонос, рузмарин, мајоран, ставете неколку каранфилчиња и малку поеќе црн пипер. Јадете ја колку што можете потопла. Оваа супа ги лекува синусните главоболки.

Сок

 

Испијте шишенце свежо отворна кока-кола. Таа е еден од најпопуларните лекови против главоболка кога сте на излет и не сте во можност да се напиете некаков лек. Механизмот на делување не е познат, но ако не сте знаеле, на почетокот кока-колата се продавала во аптеките како лек за многу болести.

Масажа

 

Масирајте го челото кај делот кај слепоочниците со етерично масло од нане. Нането ги лади местата кои се масираат, додека масажата и мирисот дополнително го опуштаат целото тело. Ова е одличен лек против главоболки.

Гуми за џвакање

 

Џвакајте гуми за џвакање. Овој совет делува најдобро кај синусни главоболки и оние главоболки кои се предизвикани од затнати дишни патишта. Нането одлично ги прочистува синусите и носот и ја олеснува главоболката.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина