Секоја вечер сонуваме помеѓу 4 до 6 соништа, дури и ако не се сеќаваме потоа на нив. Некои од нив можат да ги претскажат болестите чии симптоми се уште се немаат појавено. Психолозите се согласуваат дека пораките од соништата никако не треба да се занемаруваат, бидејќи токму од нив можеме да прочитаме важни податоци за болестите од кои би можеле да се разболиме. Истото тоа со векови го тврди и народната традиција. Симболите од соновите може да бидат претскажување за туберкулоза, депресија и срцев удар, а можат да предупредат и за Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Постојат конкретни докази за тоа како видовите соништа, почнувајќи од ние кои се повторуваат од вечер до вечер како живописни соништа и кошмари, па се до бизарните ночни визии, можат да предупредат на болести во годините пред да се појават првите симптоми.

Слабо срце и кошмари

Ако често ве измачуваат кошмари, тоа може да биде предупредување за проблеми со срцето, мигрена или премалку сон. Непријатните кошмари можат да бидат предизвикани и од лекови за крвен притисок од видот на бета-блокатори. Овие лекови ги шират крвните садови, но стручњаците веруваат дека можат и индиректно да ја менуваат рамнотежата на одредени хемикалии во мозокот, што е директен поттикнувач на кошмари.

Мигрената доаѓа со бесот

Научниците утврдиле дека оние кои страдат од неправилна работа на срцето имаат за три пати поголем ризик од кошмари, додека кај оние кои чувствуваат болки во градите овој ризик е зголемен за седум пати. Се претпоставува дека тоа е поради тоа што оние со проблеми со срцето се повеќе склони кон проблеми со дишењето, поради што опаѓа нивото на кислород во мозокот. Кошмарите и неубавите соништа преполни со бес и агресија може да бидат предупредување за брза појава на мигрена. Ако сонувате секоја вечер дека ве бркаат или дека сте нападнати, ваквите стресни соништа можат да бидат ран предзнак за болест на мозокот или за невродегенеративни болести како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.

Посебни соништа во менопаузата

Според сведочењето на многу жени, посебно живописните соништа се карактеристични за време на менопаузата, за кои се претпоставува дека се причинети поради хормонската флуктуација. Ако ,,филмот заврши,, а вие се уште продолжувате да спиете, ќе го заборавите тој сон. Се претпоставува дека жените многу повеќе се сеќаваат на соништата од мажите, токму поради тоа што овие вториве имаат полесен сон и честопати се будат.

Време е да забавите

Доколку сонувате повеќе од вообичаено, тоа може да биде последица од хронични болки, излекување од антидепресиви или затоа што ви е претопло или престудено во собата. Сето тоа го нарушува сонот и предизвикува полесно будење од РЕМ фазата, поради што повеќе се сеќавате на соништата и верувате дека сонувате повеќе од вообичаеното. Ако, пак, навечер или рано наутро ве будат соништата, тоа може да предупредува на депресија и да биде знак дека сте под зголемен стрес или дека имате вишок на килограми. За овие соништа поттикнувачи можат да бидат и масните јадења. Оние кои се под тежок стрес или страдаат од депресија, порано влегуваат во РЕМ фазата и порано се ,,прошетуват,, низ соништата, па порано и се будат. Сите овие соништа се порака дека е време да забавите.

Соништата за време на бременост

Многу мајки сведочат дека за време на бременоста имале живописни и вознемирувачки соништа, но кај овие жени е намален ризикот од постпородилна депресија.

Знаци на стрес

Стресот честопати се манифестира со катастрофални и панични соништа. Многумина сонуваат како надоаѓа голем океански бран или дека доцнат на авион или нешто слично.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина