Солзите не се израз на човековата слабост како што мислат многумина, туку знак на храброст и е еден од најважните начини од човековото психичко самозацелување, истакнуваат психолозите. Човекот има два вида на солзи, кои меѓусебно се разликуваат по функцијата. Рефлексните солзи се јавуваат при иритација на очите, содржат 98% вода и имаат важна улога во нивното влажење. Постојат и т.н. емоционални солзи, кои освен вода содржат и хормон на стресот, кој преку плачењето се елиминира од организмот. Со плачење се исфрлаат сите штетни материи насобрани во текот на стресните периоди и истовремено го поттикнуваат производството на хормонот на среќа – ендорфинот. Тоа е причината поради која по плачењето се чувствуваме подобро.

Солзите, всушност, го чистат организмот од токсините, но и емоционално го лекуваат срцето. Плачејќи, личноста го исфрла товарот од емоции, по што се чувствува посмирено. Меѓутоа, интересно е што кај мажите женскиот плач предизвикува пад на тестостеронот и намалување на либидото.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина