Дренките растат на дрвото дрен (лат. Cornus mas), кое е листопадно дрво и воглавно самоникливо. Тоа спаѓа во помалите дрвја и цвета од февруари до април. Има преубави карактеристично жолти цветови, кои подоцна растат во интересни црвени плодови. Дренките кои не се зрели се многу кисели, некои до толку што дури ја собираат устата. Неговите зрели плодови се берат од август до октомври, во зависност од положбата на самото дрво (на која надморска височина е и дали е изложено на сонце) и тогаш може од него да се направи феноменален сок.

Покрај сок, од дренките може да се прават и џемови, а во некои краеви и ракија и ликер. Велат дека сите овие слатки се лековити.

Лековити својства на дренките

Ова растение толку многу се поврзува со поимот здравје, што се стекнува впечаток дека е семожна. Еве кои се некои од нејзините предности врз зравјето:

Лек против пролив

Дренките најчесто се користат како лек против долготраен пролив, кој може да настане како резултат од труење со храна, вируси, бактерии и слични причини. Главната состојка која е задолжена за тоа е танинот, кој има многу силен остар вкус. Дренките имаат слузава структура и се богати со пектин, што дополнително влијае на подоброто работење и подвижност на цревата, како и на нивното закрепнување и излекување тогаш кога се нападнати од некои вируси или бактерии.

Детоксикација на организмот

Истражувањата имаат покажано дека редовното консумирање на дренки ја подобрува работата на црниот дроб и бубрезите. Нормалната работа на црниот дроб е важна за преработка на токсините во нашиот организам. Дренките изобилуваат со витамин Ц. Се смета дека го имаат повеќе отколку портокалите. Витаминот Ц е познат како антиоксиданс и му помага на телото во борбата со слободните радикали.

Јакнење на организмот и закрепнување од болести

Сокот од дренки изобилува со минерали како што се цинк, калиум, бакар, магнезиум, натриум и железо. Како таков е одличен за закрепнување на дехидрираниот организам и во ситуации кога како резултат на пролив или повраќање доаѓа до поголемо губење на минерали и хранливи материи во организмот. Секако, може да се користи и како превентива. Одличен помошник е во третманот на анемија и слабокрвност поради тоа што содржи железо, но и витаминот Ц кој е неопходен за неговата подобра апсорпција.

 

Исфрлање на вода од организмот

Дренките делуваат како диуретик, поради што ја потпомогаат работата на бубрезите и го спречуваат задржувањето на водата во организмот. На тој начин, исто како и лековите за исфрлање на течност од оранизмот, помагаат во намалувањето на високиот крвен притисок. Дренот е посебно богат со танин, пектин и органски киселини и токму тие состојки се оние кои го прават посебен, покрај витамините и минералите со кои изобилува.

Танинот е сложено соединение кое го има во многу растенија и има горчлив вкус. Тоа влијае на собирањето на крвните садови, па поради тоа оние намирници кои изобилуваат со него се одлични при запирање на крварење.

Пектинот кој го има во дренките е облик на јагленохидрат. Тој има способност да го врзува холестеролот, па затоа се смета дека дренот е добар да го консумираат оние кои имаат високи нивоа на холестерол. Исто така, се смета дека го намалува нивото на шеќер во крвата, бидејќи ги врзува за себе простите јагленохидрати.

Органските киселини се уште една соедиенијата со кои изобилува дренот. Овој тип на киселина се наоѓа воглавно во растенијата, а меѓу нив посебно распространета е лимонската киселина. Нивната улога е да делува како диуретик и како средства за чистење на организмот. И ова е еден начин за исфрлање на токсините и уште една причина зошто на дренките треба да им се даде шанса во нашиот живот.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина