Шок диетата се разликува од другите диети по тоа што е многу едноставна и која, за разлика од другите ,,брзи,, диети може да се држи подолго без никакви негативни последици. Самата диета е направена за 7 дена и е избалансирана со добра комбинација на масти, протеини, јагленохидрати, минерали и витамини. Суштината на оваа диета се состои во дневното калориско внесување до 1.000 -1.200 калории, поделени на 5 оброци. Со планот на исхрана треба да се консумира и голрма количина вода.

Секој ден освен вода треба да се консумираат и:

  1. Витамини и минерали во траги, кои телото ги добива од овошјето и зеленчукот. Во текот на еден ден треба да се јадат по три видови од овие намирници. Свежото овошје и зеленчук треба да се јадат помеѓу оброците, додека варените да се подготвуваат за појадок, ручек и вечера.

  2. 100 гр. растителни или животински протеини (риба, јјаца, млечни производи, тестенини, леб, мешунки, шитарки и јаткасти плодови). Кога сте на ваква диета, на телото му се потребни протеини, бидејќи тие го штитат од замор и губење на мускулната маса.
  3. Мастите и помагаат на мозочната функција и влијаат позитивно на кожата и косата. За време на оваа диета треба дневно да се консумираат по 3 – 5 лажици растителни масти.

  4. Јагленохидратите ќе ги најдете во 100 гр. леб (лебот можете да го поделите на кришки од по 20 гр. по оброк), 100 гр. ориз или 100 гр. компир или 100 гр. тестенини. Јагленохидратите и скробот се исто така важни, затоа што тие се главен извор на енергија. Но, затоа белиот шеќер целосно треба да биде исклучен од употреба.

 

Седмодневно мени за шок диетата

Прв ден

  • Појадок: 2 чаши сок од портокал и 3 лажици мусли
  • Претпладневна ужина: обезмастен јогурт (2 дл.)
  • Ручек: 180 гр. риба со 15 гр. зелен грав и 20 гр. леб
  • Попладневна ужина: 1 јаболко
  • Вечера: 80 гр. тестенини со сос од домати (50 гр.) или со 1 варено јајце

Втор ден

  • Појадок: 1 чаша сок од боровинки и 1 кришка свеж интегрален леб
  • Претпладневна ужина: 1 круша
  • Ручек:салата од 2 домати, 100 гр. зелка, 1 лажица варен грашок и 1 лажица парено зелје. Зачинете со масло и додајте кришка леб со сирење (20 гр.)
  • Попладневна ужина: јогурт (2 дл.)
  • Вечера: 80 гр. шпагети со свеж зеленчук

Трет ден

  • Појадок: јогурт (2 дл.) со кришка црн леб
  • Претпладневна ужина: две до три киви
  • Ручек: 200 гр. печена морска риба со варен зеленчук
  • Попладневна ужина: коктел од млеко и овошје
  • Вечера: 70 гр. ориз со 100 гр. зеленчук

Четврти ден

  • Појадок: растителен чај, тост и јаболко
  • Претпладневна ужина: јогурт (2 дл.)
  • Ручек: 100 гр. шкампи или други морски плодови, 200 гр. варени моркови и зелен грав (50 гр.)
  • Попладневна ужина: 1 јаболко
  • Вечера: 50 гр. тестенини со зеленчук и 40 гр. рендано сирење

Петти ден

  • Појадок: чаша млеко со ниска масленост со 3 лажици хељда

  • Претпладневна ужина: 1 круша
  • Ручек: 150 гр. зелена салата со варено јајце и 1 кришка леб, пола јаболко и 5 јатки ореви
  • Попладневна ужина: јогурт (2 дл.)
  • Вечера: лигњи (или варен пилешки копан), 50 гр. ориз, 150 гр. рендани моркови и 40 гр. сирење

Шести ден

  • Појадок: пасирани моркови, чаша сурутка и неколку бискивити
  • Претпладневна ужина: коктел од млеко и овошје
  • Ручек: 150 гр. печено пилешко бело месо и салата од домати
  • Попладневна ужина: јогурт со ниска масленост (2 дл.)
  • Вечера: 50 гр. варен ориз со 50 гр. печурки

Седми ден

  • Појадок: 1 портокал, чаша овошен чај и 2 бисквита
  • Претпладневна ужина: фета сирење со ниска масленост
  • Ручек: супа од зеленчук
  • Попладневна ужина: сок од моркови и лимони
  • Вечера: 60 гр. варен ориз, 1 пржено јајце и 100 гр. кељ или спанаќ со 1 кришка црн леб
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.