Тофуто е ,,спас,, за веганите и вегетаријанците, бидејќи тоа е една вкусна замена за месото, која не содржи ништо што е од животинско потекло. Но, како и се друго што е вкусно и добро, така и тофуто може да биде штетно по здравјето. Посебно ако се работи за мажите. Имено, постојат научни докази дека природните хемикалии кои ги содржи сојата, од која се прави тофу, можат неповолно да влијаат на сперматозоидите. Проблемот го прават фитоестрогените со кои е богата сојата, а кои ги ,,имитираат,, женските полови хормони.

Кај мажите, фитоестрогените ги забавуваат сперматозоидите и го зголемуваат бројот на сперматозоидите кои носат неадекватен број на хромозоми. И двете нешта ги намалуваат шансите за сперматозоидот да ги оплоди јајце – клетките. Едно истражување спроведено во Шпанија се занимавало со влијанието на хемикалиите од групата на оние кои го нарушуваат ендокриниот систем, како бисфенол А, соединенија кои можат да се најдат во пластиката, на пример, а за кои е веќе докажано дека го зголемува ризикот од дијабетес и канцер. Научниците во текот на две години ја следеле здравствената состоја и животните навики во исхраната на 25 доброволци, и се покажало дека оние кои често јадат соја и производи од соја имаат значително полоши резултати на спермограмите од просекот.

Доктор Франсиско Домингез, стручњак за вонтелесно оплодување од Универзитетот во Валенсија, Шпанија, вели дека овие сознанија би можеле да им помогнат на оние мажи кои се лекуваат од стерилитет.

Сепак, ова не е прв пат научниците да преупредуваат за штетните последици од претераното користење на сојата во исхраната. Едно истражување спроведено во 2008 година, на Харвард, покажало дека мажите кој секој втор ден јадат соја или производи од соја имаат и неколку милиони помалку сперматозоиди во ејакулатот во однос на очекуваната вредност.

Сојата не е безопасна ниту за жените, бидејќи и кај нив може да ја намали репродуктивната способност. Научниците го поврзуваат раното влегување во пубертет со претераното консумирање соја во текот на бременоста.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина