Соиното масло докажано поттикнува дебелеење
Шеќерот и мастите се сметаат за најнездрава храна кога се работи за здравјето, но научниците предупредуваат дека уште понездраво од овие две намирници е токму соиното масло. Се работи за едно од најчесто употребуваните растителни масла. Тоа е честа состојка во готовите, преработените и конзервираните јадења. Резултатите од истражувањето биле објавени во стручното списание PLOS One, додавајќи дека оваа популарна состојка во многу јадења може да остави сериозни последици врз здравјето на поединците, дури полоши и од оние од шеќерот.
Преку истражувањето на разни видови прехранбени навики, научниците од Универзитетот во Калифорнија спровеле тестирање врз лабораториски глувци. Им давале храна со 40% масти, што е количина слична на онаа која ја консумираат повеќето Американци. Едната група добивала заситени масти од кокосово масло, а другата група била хранета со намирници кои се базирале на незаситени масти од соиното масло, на кое било додавано кокосово масло. Другата група содржела иста количина незаситени масти какви што консумира еден просечен Американец. Во склоп на дополнителните два диетални планови, научниците им давале на глувците две верзии на храна богата со масти со додаток на фруктоза, шеќер кој се содржи во овошјето и во медот.
Храната во сите четири диети содржела ист број на калории, па научниците можеле да го проценат стварниот ефект од разните видови масла и фруктоза врз организмот на глувците. Тие очекувале глувците кои јаделе масти со фруктоза да добијат повеќе на тежина и да развијат најсилна отпорност на инсулин, но добиените резултати ги изненадиле. Најмногу на тежина добиле глувците од групата која јадела храна со соино масло, дури за 9% од глувците кои јаделе масна храна со фруктоза, а дури 25% повеќе од оние кои јаделе масти од кокосово масло.
Оние глувци кои консумирале соино масло, бил забележан замастен црн дроб и поголема резистентност на инсулин, водичот на истражувањето, Поонамјот Деол, признал дека резултатите го изненадиле и него и неговите колеги, посебно со оглед на секојдневното предупредување за потенцијалната улога на шеќерот во сеприсутата епидемија на прекумерно дебелеење.
Австралиската нутриционистка Линди Коен изјавила за списанието Femail дека половина од растителните масла кои се призведуваат во светот е токму соиното масло.