Придобивките од сода бикарбона на сите ни се познати . Секако, досега сте биле во можност да чуете многу за тоа на кој начин најлесно да го исчистите вашиот дом со сода бикарбона, но ви прикажуваме и неколку совети за тоа како да ја искористите и за лична нега и одржување на убавината.

Природен дезодоранс

Измешајте малку сода бикарбона со вода и направете паста , па нанесете под пазувите . Сода бикарбоната ја суши кожата, па полесно ќе можете да се справите со проблемите на потењето.

Темелно исчистете ја косата

Од време на време потребно е косата да се ослободи од сите наслаги на шампони, балсами и разни производи кои за нејзе ги користиме. Тоа најлесно ќе го направите доколку во шампонот ставите малку сода бикарбона и го искористите исто како и секогаш.

 

soda_1

 

Избелете ги забите

Наместо да купувате скапи производи за белење на забите, можете да си подготвите смеса за оваа намена и дома. Од лажичка сода бикарбона и пет капки водород пероксид подгответе ја пастата . Д-р Џесика Емери препорачува да додадете и неколку капки вода доколку пастата е премногу густа . Нанесете ја на четкичката за заби и оставете да дејствува пет минути. Исчеткајте, па исплакнете. Постапката може да ја повторите еднаш неделно, но бидете внимателни бидејќи можете да предизвикате пречувствителност кај забите.

Средете ги кутикулите околу ноктите

Еден од наједноставните начини за да ја средите зараснатата кожичка околу ноктите е нанесување на паста од сода бикарбона и вода. Смесата силно втријте ја и отсранете го вишокот на кожички,а ако ви остане уште паста, искористете ја за рацете.

Пилинг

Истиот рецепт можете да го искористите и за пилинг за лице.Toа е одличен начин да ги отстраните мртвите клетки од кожата и да ја подобрите циркулацијата.

Како спас против ужасните митесери

Обично најмногу не нервираат досадните митесери на лицето, а ослободувањето од нив не оди лесно . Салоните за убавина имаат една тајна: употребуваат дестилирана вода за пеглање . Токму неа можете да ја измешате со сода бикарбона , а потоа втријте ја смесата на митесерите, советува козметичарката Перл Дворкин . Пред тоа, можете и да си го испарите лицето. Митесерите стиснете ги со прстите завиткани во памучна ткаенина.

Сода бикарбоната како купка за детоксикација

Измешајте сода бикарбона со еднакво количество на сол и додадете вода. Можете да ставите и малку етерично масло со мирис на лаванда или јасмин и купката ќе биде божествена.

Суво миење на косата

Доколку сте во брзање и немате време да ја измиете косата, а немате ниту шампон за суво миење, можете да ја искористите сода бикарбоната. Нанесете мала количина на сода бикарбона, колку што е потребно , а количината зависи од тоа колку косата е замастена. Потоа само добро протресете и исчешлајте ја косата .

Сода бикарбоната е наменета за готвење, а вистинските познавачи знаат и колку е корисна при домаќинските работи. Сега експертите за убавина и нега на кожата открија и дека е одлично природно средство со кое можеме да се негуваме.