Антибиотиците се лекови кои се наменети исклучиво за елиминирање на бактериите кои доведуваат до одредени болести во организмот. Меѓутоа, употребата на овие лекови, иако има свои позитивни страни, сепак доведува до слабеење на имунолошкиот систем и уништување на ,,добрите,, бактерии кои се наоѓаат во организмот и кои се од суштинска важност за нашето здравје.

 

Антибиотиците не ги уништуваат само патогените бактерии туку и веќе претходно споменатите ,,добри,, бактерии (кои помагаат во варењето на храната, создавањето невротрансмитери, синтезата на витамините…) па по терапијата е потребно што побрзо да закрепне организмот, посебно ако сте користеле антибиотици од широк спектар.

 

Чистењето на организмот подразбира секојдневен труд, но на тој начин ќе успеете да ја оддржите рамнотежата помеѓубактериите и габите, потечно кандидата, која може многу да му наштети на здравјето.

Како и сите лекови, така и антибиотиците се обаботуваат во црниот дроб, за да можеме потоа да ги елиминираме. Постојат неколку начини за да го повратите имунитетот и да го исчистите телото по земањето антибиотици:

 

  • Еден од најдобрите начини за да го започнете процесот на чистење на организмот е консумирање храна која е богата со антиоксиданси. Се мисли пред се на овошје и зеленчук (грав, брокула, пиперка, боровинки…). Оваа храна ќе ги елиминира и отстрани антибиотиците од клетките и крвта и ќе го подобри имунолошкиот систем. Оброците од овошје и зеленчук треба да сочинуваат најголем процент во исхраната, за да може повторно да се воспостави рамнотежа во организмот.

 

  • По земањето антибиотици, би било добро да се вклучат суплементи на витаминот Ц. Препорачаната доза од овој витамин е 500 мг. дневно. Нема потреба повеќе да се зема од ова, бидејќи организмот сам ќе го исфрли вишокот.

 

  • Исфрлете го од исхраната рафинираниот шеќер, преработената храна (посебно сувомеснатите производи), скробот, вештачките бои и вкусови, како и конзервансите, бидејќи претставуваат добра база за настанок и развивање на кандидата. Треба да се одбегнува и она овошје кое содржи шеќер. Побарајте здрави алтернативи за да се засладите во текот на периодот на чистење на организмот и одбегнувајте ги слатките.

 

  • Дневно внесувајте барем по два литри вода. Така ќе ги исчистите црниот дроб и бубрезите, но исто така ќе го подобрите и метаболизмот, а со тоа ќе го хидрирате телото.

 

  • За и по употребата на антибиотици вклучете ги пробиотските суплементи, одберете квалитетни и проверени пробиотици, бидејќи стомачната киселина елиминира голем дел од нив. Исто така, по завршување на употребата на антибиотици, задолжително консумирајте домашни ферментирани производи (јогурт, кефир), кои ќе ви ја обноват вашата цревна флора.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина