Доколку сакате мислите секогаш да ви бидат бистри, постојат некои работи кои можете и самите да ги направите за вашите мозочни вијуги да бидат во добра форма. Прв предуслов за тоа е да живеете здраво. Многу пати имаме слушано дека во здраво тело здрав е духот. За зачувување на мозочните функции низ годините многу е важно што јадеме и како живееме. Потребно е што повеќе време да минуваме на свеж воздух, да бидеме физички активни, но и да водиме сметка за исхраната. Тоа подразбира внесување витамини од комплексот Б, калциум и магнезиум. Се препорачува низ годините да внесуваме помалку јагленохидрати, а повеќе свежо овошје и зеленчук.
„Неуробик“ е најдоброто име со кое можеме да ги наречеме менталните вежби кои го ,,доведуваат,, во форма нашиот мозок. Вклучувајќи ги сите пет сетила, со редовно вежбање ќе ги зајакнете вашите нервни клетки и меморијата. Еве како изгледаат тие.

1. Мијте ги забите со спротивната рака
Истражувањата покажале дека користењето на недоминатната мозочна хемисфера (што оваа вежба ја подразбира) како резултат брзо и значајно ја проширува мозочната кора.

Вежба: Едноставно измијте ги забите со вашата недоминатна рака и не заборавете со истата рака да ја отворите пастата за заби и да ја нанесете на четкичката.

mozok1

 

2. Туширајте се со затворени очи

Тактилните чувства активираат неколку делови од мозокот. Со рацете можете да ја почувствувате текстурата на вашето тело, која е невозможно да ја видите со голо око, а сето тоа благодарение на нервните завршетоци во рацете, кои му испраќаат сигнали на мозокот.

Вежба: Обидете се да ги користите само сетилата за допир (но бидете внимателни за да не се повредите). Свртете ја чешмата и подесете го млазот исклучиво верувајќи им на своите чувства и меморијата. Потоа искапете се и за сето тоа време држете ги очите затворени.

 

mozok21

 

3. Прекршете ја вообичаената утринска рутина

Истражувањата на мозокот дошле до сознанија дека мешањето на вашите дневни задачи ја зголемува дебелината на мозочната кора и ја подобрува работата на мозокот.

Вежба: Облечете се по појадокот, одберете ново место за да го шетате кучето, најдете нов омилен ТВ канал или радиостаница.

4. Променете го местото на масата

Кај повеќето семејства, секој член има свое одредено место на масата, но нашиот мозок треба посотјано да се изненадува со нови искуства за да се развива.

Вежба: Променете го местото на масата, но така што вашиот поглед на просторијата и луѓето да биде сосема поинаков. Ќе видите дека ќе се промени дури и начинот на кој посегнувате по салатата.

 

mozok31

 

5. Отворете го прозорецот од автомобилот

Хипокампусот е дел од мозокот кој е задолжен за меморијата, а вашето помнење ќе биде поживописно доколку вклучува мириси, звуци и нови пејзажи.

Вежба: Обидете се да препознавате нови мириси и звуци на вашата траекторија. Отворениот простор ќе ви помогне во тоа.

6. Проучувајте ги производите во супермаркет
Во секој супермаркет најпродаваните производи се оние кои се поставени пред самото око на купецот. Зато, кога купувате, не гледате многу нешта.

Вежба: Застанете на секој ред и разгледајте ги полиците од долу до горе. Ако забележите нешто што не сте го виделе порано, земете го, прочитајте ги состојките и размислете. Не морате дури ни да го купите тој производ, бидејќи главната задача е завршена – сте ја разбиле вообичаената рутина.

mozok41
7. Читајте поинаку

Кога читаме или ги слушаме луѓето, активираме различни делови од нашиот мозок, а кога читаме во себе или на глас, нашиот мозок исто така работи поинаку.

Вежба: Читајте на глас со вашиот партнер, а потоа заменете ги улогите на читач и слушател. Можеби ќе ви биде потребно повеќе време за да ја завршите книгата, но ќе поминете повеќе време заедно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина