Со кафе исчистете ја и нахранете ја кожата
Маската и пилингот од мелено кафе многу брзо ќе ја освежи и затегне зрелата и уморна кожа и ќе и ја поттикне циркулацијата. А многу лесно се подготвува. Кафето изобилува со антиоксиданси, а кофеинот поттикнува брзо лачење на токсините и течностите од телото, поради што препаратите на база на кофеин често се користат и во препаратите против целулит.
За наједноставен пилинг доволен ви е талогот од кафето и малку вода. Талогот се меша малку и потоа со него 5 до 10 минути се втрива во кожата на лицето. По масажата, лицето измијте го со млака вода. Подеднакво добро ќе делува оваа маска и на косата. Сварете послатко кафе, оладете го и нанесете го на косата. Ставете капа. По 20 минути, измијте ја косата. Кафето ќе го отстрани вишокот маснотии, ќе ги измазни кутикулите и ќе ја направи косата посјајна.
Поради тоа што зрелата кожа е често сува и многу чувствителна, во кафето или морската сол, која е подеднакво полезна за пилинг, додајте маслиново или кокосово масло, кое е добро за мазна и помека кожа. Добро ќе делува масно млеко и јогурт и мед. За подготовка ви треба лажичка до две од секоја состојка, а во фрижидер можете смесата да ја чувате и до две недели.
Фина маска од кафе и какао
Состојки: две лажици мелено кафе, две лажици какао во прав, три лажици полномасно млеко или јогурт и една лажица мед
Подготовка: Сите наведени состојки треба добро да се измешаат и да се нанесат на лицето. Откако маската ќе отстои околу 15 минути, треба да се измие со млака вода. При нанесување на маската, полека масирајте го лицето за подобра циркулација.
Мирисен пилинг за цело тело
Состојки: три лажици талог од кафе, една лажица масло по желба (маслиново, кокосово или бадемово), кафеав шеќер
Подготовка: Измешајте си сите суви состојки, па додадете масло и малку кафеав шеќер. Добиената смеса втријте ја во кожата. Тоа ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе ја подобри циркулацијата. Кожата ќе биде мазна и полесно ќе ги впива хранливите состојки од кремата