Мари Винсор, основач на студијата ,,Винсор Пилатес,, објаснува дека оваа вежба дефинитивно може да ви помогне да ги намалите масните наслаги од стомакот, а исто така ќе ви помогне да добиете и секси стомачни мускули.

Дознајте како да ја направите Criss-Cross вежбата:

Легнете на грб и останете така неколку минути за да ги опуштите мускулите на рбетот.

Ставете ги рацете зад главата.

Кренете ги нозете под агол од 90 степени.

Повлечете ја десната нога кон градите, задржувајќи ја левата нога рамна. Истовремено, туркајте го горниот дел од телото кон својата десна нога. Левата рака треба да се допира со десната нога.

Направете 3 серии од по 10 повторувања, со пауза од 30 секунди меѓу сериите. За почетници: повторете ја вежбата 5 пати на секоја страна.

За подетални инструкции погледнете го краткото видео и почнете со вежбање. Ќе добиете неверојатни стомачни мускули.

 
 
 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина