Смути – шарено и освежувачко задоволство
Доаѓа потопло време и природна желба за полесни и освежувачки оброци. Овие весели комбинации може целосно да ги задоволат ваквите потреби.
Овесно смути од банана
Бананата е одличен извор на калциум. Калциумот е важен за правилно функционирање на срцето, а заедно со другите минерали и за добра спроведливост на нервните импулси. Во пракса, тоа значи дека тоа помага при ублажување на грчевите настанати од интензивните тренинзи. Овој енергетски пијалок е одличен, како брз оброк пред интензивниот тренинг.
Состојки (3 dl):
30 g whey протеин од ванила
30 g овесни снегулки
100 g банана (една средна банана)
1,5 дл бадемово млеко
4 коцки мраз
цимет
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и добро изматете. Зачинете со малку цимет.
Хранливи вредности:
Енергетска вредност: 333 kcal
Протеини: 30 g
Масти: 6 g
Јаглехидрати: 43 g
Влакна: 4 g
Црвено смути
Грозјето и малините се одличен извор на витамин Ц и антоцијанин, кои им даваат темно црвена боја. Антоцијанинот и витаминот Ц се моќни антиоксиданси кои помагаат во обновување и забавување на стареењето на клетките. Овој смути е совршен за подигнување на енергијата или опоравувањето по тренингот.
Состојки (3 dl):
30 g whey протеин од ванила
120 g црвено грозје
10 g малини
5 g ленено семе
4 коцки мраз
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и добро изматете.
Хранливи вредности:
Енергетска вредност: 254 kcal
Протеини: 26 g
Масти: 4 g
Јаглехидрати: 33 g
Влакна: 3 g