Засилувачите на вкус, вештачките засладувачи и разните конзерванси влијаат неповолно на нашето здравје. Еве кои се треба да се одбегнуваат на трпезата.

МСГ

Мононатриум глутамaт (MSG) или Е621 е засилувач на вкусот кој најзастапен во индустриските производи, како што се супите и месните преработки. Иако во текот на повеќедецениската употреба во прехранбената индустрија не е докажано дека има штетно дејство врз здравјето, постојат индиции дека консумирањето на храна која го содржи во себе може да предизвика симптоми како главоболки и мачнини.

E951

Поради недостигот на енергетски вредности и интензивна слаткост, денес вештачките засладувачи се сеприсутни на пазарот во бројни прехранбени производи. Нивната примена може да се одрази позитивно кај оние кои се на редукциски диети и кај оние кои боледуваат од дијабетес. Сепак, некои засладувачи, како на пример аспартамот (E951), поради потенцијалниот штетен ефект врз здравјето се предмет на бројни истражувања, но за многу не постојат научни докази за штетноста, па нивната употреба во прехранбената индустрија е многу распространета.

Трансмасни киселини

Настануваат делумно со хидрогенација на растителните масла. Декларацијата на производите кои имаат во себе трансмасни киселини воглавно содржат и поголеми количини од истите. Тие го зголемуваат нивото на ,,лошиот,, ЛДЛ холестерол, што придонесува за ризикот од срцеви заболувања.

Нитрити и нитрати

Нитритите и нитратите се конзерванси кои се користат најмногу во производството на сувомеснатите производи, сирења и солена риба. Во организмот можат да го нарушат преносот на кислород во крвта и затоа се прееорачува одбегнување на производот кој ги содржи. Посебно чувствителни на нив се децата.

E102 и E123

Употребата на вештачките бои, како што се тартразинот (E102) и амарантот (E123), е забранета во некои земји поради сомнение дека предизвикуваат разни здравствени тегоби. При одбирање на производите, предност секогаш треба да им се дава на природните бои, како што се екстрактот од пиперка (E160c) и куркума (E100).

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина