Смоквата е кралица на овошјето и е вистинска супер храна за имунолошкиот систем. Тоа е намирница која можеме во различни облици да ја консумираме во различни облици. Во свежа состојба е исклучително вкусна, а во сува – содржи уште повеќе витамини и корисни состојки.

 

 

Се смета дека смоквата (лат. ficus carica) била првата намирница која луѓето почнале да ја одгледуваат, пред пченицата и јачменот, па од тука е позната илјадници години како корисна намирница. Во Рајската градина, Адам и Ева се покриле со смоквини листови, откако каснале од ,,забранетото овошје,,. Некои сметаат дека ова забрането овошје не било јаболко, туку токму  – смоква.

 

Татковина на смоквата е Мала Азија, додека диви смокви растат и во Авганистан, Индија и Пакистан. Смоквата му припаѓа на родот на дудинките.

 

Лековити и се плодот, сокот, листот и кората од дрвото. Свежите смокви се богати со калиум, кој помага во регулирањето на крвниот притисок и кој го намалува ризикот од срцеви заболувања. Прехранбените влакна во смоквата го подобруваат варењето, додека сувите смокви се одлични за заситување кога сме гладни. Поради ниската калоричност, тие се одлични за слабеење.

 

Во смоквите има значајна количина витамин Б (корисен за кожата), манган, магнезиум (важен за мускулите и за нервниот систем, штити од психички стрес), витамин К и тиамин. Во сувите смокви има бакар, цинк и железо, а тие се побогати со калории. За консумирање соодветни се и смоквините листови. Чајот од нив е одличен за дијабетичарите, бидејќи помага во регулирање на шеќерот во крвта кај дијабетичари тип 1. Дијабетичарите не смеат да го консумираат, пак, плодот од смоквата.

 

Листовите од смоквата имаат и антиоксидативни својства и се користат како природен третман против ракот (посебно за кожата). Тие се корисни и кај чир на желудник, инфекции на уринарниот тракт и во варењето, анемии… Најдобро е смоква да се изеде рано наутро, на празен желудник, бидејќи така е најкорисна за организмот. Сокот од смоква се користи како средство за згуснување. Во народната медицина, смоквата е лек против кашлица, и се вари со млеко. Народната медицина ја користи и за воспалено грло, за воспаление на белите дробови како и за лекување од бактерии во цревата.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина