Белата чоколада, која децата ја обожаваат, е всушност мешавина од маснотии и хемиски ароми. Нутриционистите предупредуваат дека овој производ во целост неоправдано го носи името ,,чоколада,,, бидејќи во себе не ја содржи главната состојка на вистинската чоколада, какаото. Според тврдењето на специјалистите за исхрана, произведувачите на бела чоколада наместо какао путер користат други растителни масти, па белата чоколада не може да послужи ниту како најлоша замена за чоколадата.

 

Белата чоколада е сладок отров кој не ги обезбедува неопходните витамини и минерали и нема апсолутно никаква хранлива вредност, туку исклучиво калориска. За разлика од кафеавата чоколада, во белата нена теобромин, кој се добива од какао дрвото, а делува стимулативно врз организмот ако се консумира во умерени количини.

 

Стручњаците предупредуваат дека белата чоколада многу потешко се вари од црната, бидејќи во најдобриот случај содржи околу 20% какао путер, а околу 14% од составот е сува млечна маса. Остатокот е пред се шеќер, па така во 100 грама бела чоколада има и до 57,1 грама јагленохидрати.

 

Зборот ,,чоколада,, за т.н. бела чоколада отсекогаш бил под знак прашање. Овој ,,сладок грев,, е преполн и со вештачки ароми, емулгатори и нездрави замени за какао путер. Проблемот е што кога се јаде овој десерт, никогаш не знаеме всушност што јадеме. Доколку, пак, не можете никако да и одолеете, тогаш гледајте да ја купувате од проверени произведувачи и секогаш читајте ја содржината. И, секако, не претерувајте, бидејќи се повеќе од три коцки е претерување.

 

Од сето погоре кажано слободно може да се каже дека белата чоколада е сладок отров кој не ги обезбедува неопходните витамини и минерали и која нема апсолутно никаква хранлива вредност.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина