Slackline или slacklining е атрактивна спортска дисциплина која се побрзо го заразува целиот свет. Поимот доаѓа од англиските зборови ˝slack˝ = ненапнат и ˝line˝= јаже, ремен. Клучна работа е рамнотежата, а slacklining уште се нарекува и ˝спорт за рамнотежа˝. За разлика од одењето по обично јаже, slackline-лентата се растегнува динамички, што има сличен ефект како одењето по трамполина.

Најголемата убавина во оваа дисциплина се крие во нејзината едноставност, може да ја користи секој и секаде. Не е потребна никаква скапа опрема. Поентата е само добро да се распне лентата помеѓу две точки (на пример, дрвја) и можете да започнете да вежбате својата рамнотежа на забавен начин.

Овој начин на вежбање не ја подобрува само физичката, туку и психичката кондиција, посебно моќта за концентрирање. Многу спортисти ја користат оваа дисциплина за оддржување на формата (посебно искачувачите и алпинстите), иако поголем број луѓе ја користи за сопствена забава и задоволство.

 

 

Оние кои ја имаат пробано, не се одделуваат до својата лента и наведуваат повеќе причини зошто е тоа така, а ова се само некои од нив:

 

телесна вежба – развивање сила, подвижност и коодинација

ментална вежба – брзина на реакција, подобра поврзаност на левата и десната хемисфера

спортски тренинг  динамични вежби за развој на рамнотежата и моториката

намалување на ризикот од нерамномерно преоптоварување на зглобовите

намалување на ризиците од повреди

рехабилитација  јакнење на мускулните зглобови на стапалата и колената

рекреација  акробација и трикови

сигурност во секојдневното движење и во спортското вежбање

медитација  барање внатрешен мир

забава или едноставно дружење во природно опкружување

Висината и напнатоста на лентата лесно може да се прилагоди според искуството. По неа може да се оди бос или со било какви патики или удобни рамни обувки. Битно е погледот да се фокусира во некоја фиксна точка, да се заборави на се околу себе и да и се дозволи на сопствената рамнотежа да не наведува каде да ги ставиме нозете.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина