Сјогреновиот синдром е автоимуна болест која ги зафаќа жлездите и внатрешните органи. Најчесто се зафатени жлздите со внатрешно (егзокрините жлезди) кои произведуваат солзи (солзните жлезди) и плунка (плунковните жлезди). Последица од оваа болест се недостиг на солзи (суви очи) и на плунка (сува уста). Овој синдром претежно ги напаѓа жените (90%) на возраст по 40-та година од животот.
Кога Сјогреновиот синдром се очитува само со сувост на очите и на усната шуплина, зборуваме за примарен облик. Многу често синдромот е поврзан и со други автоимуни болести, како што се ревматскиот артритис, системскиот лупус, склеродермијата, Хашимотовиот тиреодитис… Во тој случај зборуваме за секундарен Сјогренов синдром.
Во случаи каде се зафатени плунковните жлезди, доаѓа до сувост на усната шуплина, отежнато голтање, пропаѓање на забите, болки и отекувања во усната шуплина и инфекции. А, кога се нападнати од овој синдром солзните жлезди, доаѓа до сувост на очите, која води до иритација на окото, намалено создавање на солзи, се зголемува ризикот од настанок на инфекции и оштетување на рожницата.
Проблемот при Сјогреновиот синдром кој не ги опфаќа жлездите вклучува болка во зглобовите (Рајнаудов синдром студени раце и нозе), зголемување на лимфните јазли, болести на бубрезите, на нервите, на мускулите и васкулитис (воспаление на вените), желудочни киселини, отежнато дишење, билјарна цироза (имунолошка болест која е поврзана со пропаѓање на ткивото на црниот дроб) – сите овие се исто така болести кои се поврзани со Сјогреновиот синдром.

Лекување на Сјогреновиот синдром

a) Класична медицина

  • сувоста на очите се лекува со вештачки солзи или, кај потешките случаи, по хируршки пат

  • сувоста во усната шуплина се намалува со вештачка плунка или со бонбони кои поттикнуваат лачење на плунка

Со оглед на тоа што Сјогреновиот синдром е автоимуна болест на која и претходи воспаление, се препишуваат кортикостероиди, кои имаат противоспалително и имуносупресивно делување.
б) Природно лекување

Со оглед на тоа што природното лекување на оваа болест е се повеќе популарно и поуспешно, природата пронашла решение за Сјогреновиот синдром.

  • Омега 7 – ова е ретко позната здрава масна киселина која има ефикасно делување во создавањето на природни солзи и плунка во усната шуплина, па од тука им служи на жените во менопауза (интимна сувост). Омега 7 или палмитолеик ацид ги хидратизира очите и устата и делува противвоспалително. Најголемите количини на омега 7 се наоѓаат во маслото од бобинките на растението кучешки трн (Hippophae Rhamnoides), каде е застапена со околу 30%. Многу клиники во светот го имаат прифатено лекувањето со маслото од кучешки трн.
  • Витаминот Е во облик на Токоферол и Токотриенол (кој има посилно дејство за 40% од обичниот витамин Е). Двете овие форми на витаминот Е исто така се наоѓаат во маслото на бобинките на кучешкиот трн (силни антиоксиданси).
  • Куркумин – тој е за 95% најдоброто противвоспалително природно средство кое ги заменува злогласните кортикостероиди и ги решава воспаленијата кои му претходат на имуно-одговорот, како и мутацијата на гените.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина