Етеричните масла се многу корисни за здравјето, но само доколку се користат на правилен начин според упатствата на ароматерапевтите. Во следниве случаи тие треба да се одбегнуваат

Етеричните масла се природни производи добиени од растенија, па многумина поради тоа ги сметаа сигурни за употреба. Но, тие се 100% растителни екстракти, што значи дека се многу силни концентрати. На пример, за еден литар етерично масло од лаванда се потребни стотици килограми цветови од лаванда. Тоа значи дека етеричното масло нема исти својства како и самото растение, туку е многу посилно. Етеричните масла се корисни за здравјето, но во следниве ситуации мора да се одбегнуваат.

 

1. Неразредени етерични масла

Етеричните масла најчесто се нудат неразредени, што значи висококонцентрирани, па директното нанесување на кожа може да предизвика осип, црвенило, па дури и изгореници. Не помага ни мешањето со вода, туку прво етеричното масло треба да се разреди со некое базно масло, како што е на пример она од бадем, јојоба или масло од гроздови семки, во размер отприлика 3-5 капки етерично масло на една супена лажица од базното масло. Но, за тоа секако прво е потребна консултација со ароматерапевт. Евентуално маслото од лаванда може да се нанесе директно на кожата (на пример, за ублажување убоди од инсекти и при полесни изгореници), но и при тоа е најдобро да се побара совет од ароматерапевт.

2. Нанесување на слузницата

Етеричните масла во никој случај не смеат да се нанесуваат директно на слузница (на пример, во уста или вагина), бидејќи така можете да ги ,,пеплосате,,. Честопати можат да се најдат совети како она дела етеричното масло од ноќниче лекува габични вагинални инфекции и дека со него треба да го натопите тампонот, но така само се добива воспаление. Ова масло може навистина да помогне во лекување на габична инфекција, но само доколку аромапетапевт ви направи лек во поподносливи концентрации.

 

3. Орално земање етерично масло

Иако се достапни капсули со етерични масла за орална употреба, не се препорачува истите да се земаат без претходно советување со доктор и ароматерапевт кој ќе процени дали воопшто ви одговара орално земање на растителн концентрат. Треба да е внимава и на квалитетот на капсулите, кои мора да имаат посебен, издржлив надворешен дел, за да можат безбедно да стигнат низ дигестивниот систем до желудникот, каде потоа ќе ги раствори желудочната киселина.

 

4. Пред изложување на сонце

Некои етерични масла содржат кумарин, едно од соединенијата кои реагираат на сончевите УВ-зраци, предизвикувајќи на кожата фотодерматитис. Такви се цитрусните масла, како на пример, грејпфрут, бергамот, горчлив портокал, па треба да се одбегнува најмалку 12 часа изложување на сонце. Општо за сите етерични масла се препорачува да не се нанесуваат ако брзо потоа бидеме изложени на сонце.

 

5.Алергии на етерични масла

Ако имате чувствителна кожа или се склони кон алергии, секако треба да бидете внимателни со користењето на етеричните масла. Најдобро е прво малку етерично масло да се стави на кожата и да се тестира дали ќе предизвика некаква несакана реакција. Ако во следните неколку часа се добие некава иритација на кожата, повеќе не смее да се користи.

 

6. Бременост

Поради силното делување, етеричните масла не се препорачуваат за време на бременост. Ако баш сакате да ги користите, дозволени се само одредени видови, а изработените производи мора да се строго контролирани и доволно преработени.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина