За да можеме подобро да го разбереме калорискиот мит, следевме што се случува во телото кога ќе изедеме брокула, а што кога ќе испиеме кока-кола. Иста количина на калории, различен состав.

Кока-кола: шише кока-кола содржи 800 калории (исто колку и 21 шолја брокула). Тие 800 калории потекнуваат од речиси 50 лажички шеќер. Во телото кока-колата добро се вари и се разложува на гликоза и фруктоза. Ова е одлично ако сте ултрамаратонец. Ако не сте – читајте понатаму.

Гликозата многу брзо влегува во крвта и му испраќа на мозокот сигнал дека треба да испраќа друштво кое ќе ја прати понатаму. Инсулинот се покачува. Преголема количина гликоза, премногу инсулин – зголемен ризик од дебелеење, воспаленија, висок притисок и триглицериди. Го снижува ХДЛ холестеролот, тестостеронот и може да доведе до неплодност кај жените. Додека инсулинот е во крвта – нема трошење на мастите. Освен тоа, се блокира лептинот, хормонот кој го контролира апетитот. Мозокот затоа испраќа сигнал дека сте гладни. Во мозокот се пали центарот за побарањебидејќи шеќерот е адиктивна храна и е единствена која не се внесува со консумирање. Телото учи дека треба да внесува уште повеќе шеќер.

 

kalorii

 

Од друга страна, пак, фруктозата, оди право во црниот дроб, каде се претвора во маст, бидејќи нема трошење на масти додека крвта е полна со инсулин.

А сегаброкулата. Ако случајно изедете 21 шолја брокула, ќе внесете 800 калории и 67 грама влакна. Целата таа содржина содржи само 1,5 лажичка шеќер, додека другите јагленохидрати во неа имаат низок гликемиски индекс и лесно се преработуваат, што значи контролиран инсулин. Мозокот добива информација дека стомакот е полн, нема адикција во мозокот.

Од сето погоре кажано, доаѓаме до заклучок дека не се еднакви сите калории, како што не е секоја храна подеднакво здрава. ,,Јадете се, но умерено,, гласи обично маркетингшкото мото, кое на мала врата внесува секаков вид ѓубре во вашето тело. Храната, пред се, е информација за вашето тело.

Ако се прејадете – бирајте протеини

Едно интересно истражување за прејадувањето објавено во мдицинското списание Journal of the American Medical Association било вршено врз доброволци во контролирани услови во текот на 12 недели. Тие за тоа време внесувале 1000 калории дневно повеќе отколку што им било потребно. Биле поделени на две групи. Првата група внесувала храна сиромашна со протеини, а втората група храна богата со протеини. Првата група загубила околу 800 грама мускули и се здебелила околу 3,5 килограми. Втората група добила околу 3 килограми мускули. И двете групи се здебелиле (очигледно поради тоа што се прејадувале). Но, оние од втората група помалку се здебелиле и добиле повеќе мускулна маса. Затоа, не треба да се прејадуваме. Количината на потребни калории во еден ден не можат точно да се одредат. Но, ако се држите до бројката од 1500 калории, а притоа внесувате тестенини, шеќери и алкохол, очекувајќи дека ќе ослабнете, тогаш сте во најголемата заблуда која можете да си ја дозволите. На тој начин само ќе си го загрозите здравјето и ќе се здебелите.

 

Тагови: калории
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина