Резултатите од едно истражување покажале дека оваа лековита печурка може да го спречи развојот на малигните заболувања, па болните од канцер се почесто ја користат како помош во терапијата.

 

За разлика од другите лековити печурки, како што се реиши (која е премногу дрвенеста), шитаке (Lentinula edodesi) се многу вкусни и сочни, па можат да се користат на разни начини – во салата или пржени.

 

Откритие на бета-глуканот

 

Научниците веќе долго време го изучуваат бета-глуканот, кој е всушност вид на полисахарид, а неговото имуностимулативно дејство е откриено во Јапонија при проучување на печурките шитаке и маитаке. Што се подразбира под имуностимулација?

 

Во текот на истражувањето било воочено дека бета-глуканот делува на два начина: ја стимулира активноста на макрофагите, клетки кои ги уништуваат бактериите и клетките на туморот, истовремено активирајќи ги клетките ,,природни убијци,, – најсилното оружје на нашиот имунолошки систем.

 

Употреба во онкологијата

 

Покрај бета-глуканот и шитаки производите постојат и други супстанции кои ги победуваат инфекциите и ги уништуваат туморите, а чии дејства се се уште во фаза на истражување. Само минатата година изолирани се две. Врз основа на досегашните резултати, заклучено е дека би било добро во терапијата на онколошките пациенти да се вклучат неколку видови печурки, меѓу кои се и шитаке.

 

Така ќе се зајакне имунолошкиот систем во борбата против туморите, но организмот истовремено ќе се заштити од негативните последици од хемотерапијата и зрачењето.

 

Резултатите од истражувањето покажале дека со внесување на шитаке мачнините и повраќањата се проретчуваат и слабеат, a истовремено се одразува имунолошкиот потенцијал на организмот, што е посебно важно, бидејќи таквите пациенти се подложни на инфекции. Сепак, се уште треба да се потврди дали со внесување на шитаке се намалуваат можностите за рецидив на малигните заболувања.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина