Синдромот на немирни нозе (РЛС) претставуваат невролошко нарушување чии симптоми го намалуваат квалитетот на животот. Може да биде примарен или секундарен. Нарушувањето често се јавува кај жените, постарите и дебелите луѓе, пушачите, дијабетичарите, оние кои боледуваат од коскено – мускулни болести, физички неактивни личности и кај оние кои консумираат алкохол. Ако оваа невролошка болест настане пред триесеттата година од животот, веројатно е одговорен наследниот фактор.

Главните симптоми на оваа болест е потребата за поместување на нозете проследена со чувство на боцкање, пецкање, бол, тежина, студ, тежина чешање и притисок. Состојбата се влошува навечер или во текот на ноќта,  за време на мирување, поради што се јавува и нарушување на спиењето. Тегобите можат да настанат поради стрес, замор, престој во топла просторија или долго изложување на студ. Знаците за синдром на немирни нозе го влошува консумирањето на алкохол, наркотици и кофеин, како и земање антидепресиви. Голем проблем на пациентот му претставува честото будење во сон и отежнато заспивање, што е последица на несвесно поместување на нозете. Кај четвртина од болните од синдром на немирни нозе се јавува депресија.

Причини за синдромот на немирни нозе

Се смета дека причината за настанување на синдромот на немирни нозе е недостигот на хормонот допамин кој се лачи во мозокот. Оваа болест може да биде наследна (од 40% до 92% пациенти имаат роднините со слични тегоби) и може да се појави за време на бременоста. Синдромот на немирни нозе може да се појави и со други болести: ревматски артритис, анемија, дијабетес, бубрежна инсуфициенција, болести на рбетниот столб, проширени вени, анкциозност. Исто така, тегобите понекогаш укажуваа на недостиг на витамините Б9, Б12 и магнезиум.

Лекување

Докторот ја поставува дијагнозата врз основа на клиничката слика и проценката на сублективните симптоми на пациентот. Терапијата е насочена на ублажување на тегобите. Докторот ќе утврди дали се работи за недостиг на железо, витамини или магнезиум или, ако е потребно, да советува лекување на боелсти на рбетот, периферните нерви и мускулите.

Тегобите можат да се ублажат со здрави животни навики. Се советува:

  • Редовна физичка активност.
  • Проветрување на спалната соба.
  • Одење на спиење во приближно исто време.
  • Масажа на рацете и нозете и користење топли и студени облоги за да се подобри циркулацијата.
  • Одбегнување на доцни оброци.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина