Дали сте помислиле понекогаш дека ѕидните тапети со црвена боја, кои можеби се наоѓаат на ѕидовите од вашата спална соба, може да ве натераат со партнерот да водите војна, а не љубов? Денес е познато дека боите, сосема сигурно, можат да влијаат на нас, иако често не сме свесни за тоа, ниту обраќаме внимание на тоа.

Боите испраќаат електромагнетни бранови и секоја има своја сопствена бранова должина. Овие бранови стимулираат одредени хемиски супстанции во очите, кои потоа испраќаат импулси и пораки во жлездата на хипофизата и епифизата, кои се наоѓаат блиску до мозокот. Стимулирани од реакцијата на боите, овие жлезди можат со своето работење да го променат расположението на човекот, да ја забрзаат срцевата фрекфенција, да ја засилат мозочната активност и т.н. Општо, темните бои остааат тежок впечаток на нас, впечаток на некакви претчувства, додека светлите бои не само што изгледаат весело, туку и физички изгледаат лесни. Во еден експеримент ги тестирале психолошките ефекти на боите врз продуктивноста на работниците. Истражувачите ги обоиле тешките сандаци во бело, а лесните сандаци во црно. Работниците имале многу повеќе проблеми во кревањето и носењето на црните сандаци отколку на оние белите.

Познат е и еден друг драматичен пример на употреба на боите во совладувањето на депресијата и стимулирање на активноста. Стручњак за психологија на боите бил повикан во болница за да понуди одредени совети во врска со апатичноста и неволноста на персоналот и пациентите. Тој утврдил дека сите простории и ходници во болницата биле обоени во чоколадна кафеава боја. Стручњакот советувал да ги обојат сите, одејќи од кат до кат, во портокалова боја, боја на јагода, смарагдно зелена и бледо виолетова боја. Реакцијата на пациентите на светлите, сјајни бои била моментална и позитивна. Постарите мажи почнале да се бричат секој ден и почесто да се облекуваат и да стануваат од креветите. Женските пациенти почнале почесто да шетаат и да се посетуваат по ходниците и просторите за дневен престој, почнале почесто една од друга да бараат чешли, шминки и чорапи. Се подигнал дури и моралот и расположението на медицинскиот персонал.

Ако боите имаат толку силно влијание на менталното и физичкото здравје, добро е да се знаат барем некои главни ефекти на некои од боите:

Црвена  за оваа боја се тврди дека возбудува. Испитувањата вршени врз луѓе кои престојувале во соби обоени во црвена боја, покажал дека кај нив се покачил крвниот притисок, срцевата фрекфенција, мускулата активност, трепкањето на очите, а дишењето станало забрзано.

Розова  розовата смирува. Оваа боја може да смири агресивни тенденции и дури и да намали физичка болка. Денес, повеќе од 1400 болници и поправни домови во САД ја користат розовата боја поради нејзините смирувачки ефекти.

Сина  оваа боја предизвикува расположение кое се карактеризира со смиреност и спокојство.

Жолта  жолтата боја го подига духот и прави луѓето да се чувствуваат енергични и оптимистични. Тоа е бојата која најмногу се гледа во САД. Ако фрлите поглед на колаж со најразлични бои, најпрво ќе ја забележите жолтата боја.

Зелена  постојат две школи на мислење во поглед на психолошкото влијание на зелената боја. Некои веруваат дека таа смирува, а други дека иритира, сепак, една неодамнешна студија објавени на Универзитетот во Лос Анџелес, во која се мереле ефектите од многу други бои, дала првични индикации дека зелената сепак не е толку смирувачка како што се претпоставувало досега.

Светлината и боите

Обоените светла или филтри кои опкружуваат еден извор на светлина исто така делуваат на расположението и здравјето. На пример, додека розовите ѕидови можат да смират, розовото светло е иритирачко. Експериментот извршен на еден калифорниски универзитет покажал дека сината светлина може да го забрза излекувањето. Кога болни со ревматски воспалувања на зглобовите престојувале во соби во коишто на вообичаените извори на светлина биле поставени сини филтри, нивните болки се намалиле, а во некои случаи и сосема исчезнале.

Стручњаците за бои и психолозите непобитно потврдиле дека луѓето имаат стварни потреби за боите исто како што имаат и за други потреби.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина