Оваа храна ќе ви ја подобри вашата наслабната воља и ќе помогнат да му се спротивставите на стресот. За многумина, ова е најдобриот период од годината, освен што е депресивно студено и темно надвор, а списокот на нешта кои требате да ги направите пред празниците е се подолга и подолга и веќе ве излудува. За среќа, не морате да посегнете во орманчето со лекови за што побезбедно да го совладате претпразничното лудило. Наместо тоа, отворете го фрижидерот. Оваа храна ќе ви ја поправи наслабнатата воља, ќе ви помогне да му се спротивставите на стресот и да се ослободите од чувството дека целиот свет ви се срушил на главата.

Јадете боровинки, црна чоколада, напијте се два филџана кафе дневно, грицкајте семки од тиква, одберете лосос за ручек и спанаќ, па таквиот избор на намирници ќе ви го поправи расположението и ќе ви го намалат стресот во овие празнични времиња.

1. БОРОВИНКИ

Измиксирајте ги во смути, ставете ги во зобени снегулки или изедете ги како меѓуоброк во текот на пладнето, наместо да крицкате калорични грицки. Боровинките содржат аминокиселина тирозин, која му помага на мозокот да го синтетизира домапинот, компонентата која дава чувство на пријатност и задоволство.

2. ЦРНА ЧОКОЛАДА

Постои причина зошто чоколадата прави да се чувствуваме толку добро. Темниот десерт содржи компоненти кои му помагаат на мозокот да лачи фенилетиламин, истата хемикалија која се лачи кога сме вљубени. И, не треба да се изеде цела табла за да се почувствува тоа. Едно австралиско истражување открило дека оние кои консумираат разумна количина од 40 гр. темно чоколадо се чувствуваат посмирени и позадоволни од оние кои апстинираат. Изедете само еден ред од чоколада која содржи 70% какао.

3. КАФЕ

kafe

Добро прочитавте. Кафето навистина прави да се чувствувате подобро. Тоа е поради коефинот кој, како и боровинките, го забрзува лачењето на допаминот. Колку кафе ви е потребно? Истражувањето од Харвард утврдило дека жените кои пијат дневно по два филџана кафе имале 15% помал ризик да добијат депресија. Со малку поголема количина кафе, може да биде и подобро. Оние кои пијат по 4 филџани кафе дневно имаат 20% помали шанси за да бидат депресивни.

4. СЕМКИ ОД ТИКВА

 

semki

 

Овие мали зелени семки содржат триптофан, амиокиселина која му помага на мозокот да лачи серотонин. Вкусни се, па кога се чувствуваме дека сме на работ од нервен слом, не прават чудесно задоволни. И самото грцикање може да не ослободи од тензиите.

5. ЛОСОС

losos-2

 

Знаете дека лососот е суперхрана, па не сте изненадени што се наоѓа на оваа листа. Омега три масните киселини кои се наоѓаат во лососот, скушата, туната и другите мрсни риби го поттикнуваат мозокот да лачи серотонин. Студиите кои биле звршени врз 150.000 луѓе докажале дека оние кои јаделе многу мрсна риба, за 20% помалку страдале од депресија.

6. СПАНАЌ

 

spanak

 

Лисестиот зеленчук, како спанаќот, е богат со фолати и Б витамин, кој може да ја уништи мрзеливоста и да го изостри размислувањето. Истите нутриенти ги наоѓаме и во замрзнатиот спанаќ. Поради фолатите и сите витамини од групата Б, не се депонира во телото, па затоа треба редовно да се зема.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина