Во сабота во 12:30 часот заедно со Nenad Zlatanovic во нашите простории во Дебар Маало позади Броз Кафе ќе разговараме за The Dash diet.

Ако сакате да помогнете на луѓето што имаат висок крвен притисок, вишок на килограми, триглицериди и холестерол DASH исхраната е одговорот за нив.

30 минути ќе биде кратка презентација и 30 минути дискусија. Секој што има таков човек нека го сподели на неговиот ѕид, за да може да се информира за оваа диета кој има научни истражувања за нејзината ефективност.

Презентацијата ќе биде во Дебар Маало позади Броз Кафе. Повеќе информации на 077/661-645

Што е Диета за хипертензија?

Диетата за хипертензија, која најчесто се спомнува во литературата, е позната под името DASH диета (Dietary Approaches to Stop Hypertension – диетални пристапи за регулирање на хипертензијата).

dash_dieta[1]

DASH диетата првенствено претставува разновидна исхрана. Осмислена е за лица со хипертензија, но оваа исхрана е адекватна за целото семејство.

Истражувањата покажале дека DASH диетата, која изобилува со млечни производи со помалку масти, овошје, зеленчук, јатчести плодови и интегрални житарици, може да помогне во намалување на ризикот од хипертензија.