Британските истражувачи утврдиле дека постои состојбата на опсесивно снимање селфи, кое е наречено селфитис. Овој збор за првпат се појавил во 2004 година, во рамките на измислена вест, во која било кажано дека селфитисот е вброен во листата на ментални нарушувања по одлука на Американското психијатриско здружение.

 

Научниците продолжиле да го истражуваат овој феномен, по што била проучена појавата “номофобија” – страв да се нема мобилен телефон при рака.

 

Пред неколку години, во медиумите се појави сторијата за тоа дека состојбата селфитис е класифицирана како ментално нарушување. Иако се покажа дека таа е лажна, тоа не значи дека состојбата селфитис не постои – изјавил доктор Марк Грифитс, од Универзитетот Трент во Нотингем, Велика Британија.

 

Истражување бил спроведено над 400 учесници од Индија, бидејќи оваа земја има најмногу корисници на Facebook.Учесниците се изјасниле до колкава мерка се согласуваат или не се согласуваат со серијата констатации за селфито. Меѓу изјавите имало и вакви “Делењето селфи создава здрав натпревар со пријателите и колегите” и “Чувствувам дека сум попопуларен/а кога ставам свои селфи слики на социјалните мрежи”.

 

– Типично е оние кои ја имаат оваа состојба да патат од недостиг на самодоверба и да се обидуваат да се вклопат во околината. Тие можат да пројават симптоми слични на другите потенцијално адиктивни однесувања – рекол доктор Џанартанан Балакришнан, учесник во истражувањето.

 

Тој рекол дека постоењето на селфитисот е сега потврдено и дека треба да се извршат дополнителни истражувања за да се утврди како и зошто луѓето ја развиваат оваа состојба и на кој начин може да им се помогне на најтешко погодените.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина