Сексуална анорексија
Сексуална анорексија е нарушување кое влијае на апетитот за сексуална интима, а се појавува подеднакво и кај жените и кај мажите. Оние кои патат од сексуална анорексија на секој начин одбегнуваат секаков вид на сексуална интима, поради подлабоки проблеми, како што се стравот од интима или страв од било каков сексуален контакт, како резултат на претходните искуства. За разлика од оние кои се зависни од секс, за оние кои патат од сексуална анорексија нема средства ниту група за поддршка, бидејќи не е толку распространета, ниту се зборува многу за неа. Вистина е дека сексуалната анорексија е ужасна и може да предизвика многу штета кај оној кој пати од неа. Може да влијае на однесувањето кон другите, како и кон нив самите. Исто така, влијае на самодовербата, самопочитта и предизвикува чувство на осаменост, со тоа што ги оддалечува партнерите еден од друг. Неретко на крајот се завршува со раскинување на љубовната всрака или со развод на бракот.
Симптоми:
Оној кој пати од сексуална анорексија нема само да одбегнува физичка интимност, туку ќе стане загрижен, преплашен и бесен кога ќе се отворени тема за секс. Симтомите варираат од непостоење апетит за секс, па се до многу непријатен став за сексот. Физичките симптоми вклучуваат хормонален дисбаланс, постојано чувство на замор и нулта ерекција или возбудување. Сето тоа делува фрустрирачки кај болниот и едноставно го уништува животот.
Причини:
Причини за сексуална анорексија можат да бидат различни кај секој човек. Најчесто е предизвикана од претходни трауматични искуства или злоупотреба. Ова може да биде било што, од зборувањето од страна на родителите дека сексуалниот чин е лош или грешен, до историја исполнета со силување и злоупотреба. Другите причини, кои повеќе се физички, можат да бидат хормонски дисбаланс, лекови, па дури и неодамнешно раѓање на дете. Дури и порнографијата може да биде поврзана со некоја од причините за сексуална анорексија, така што предизвикува омплетна незаинтересираност за каков и да е друг вид на секс. Причините се воглавно поинакви кај секоја личност и не можат со сигурност да се утврдат, без претходно истражување на историјата на болната личност.
Дијагноза:
Кога се работи за поставување на дијагноза, на докторите им е тешко да ја постават. Не постојат вистински тестови кои ќе утврдат дали некој пати од сексуална анорексија, дали нивото на активност на сексуален ,,драјв,, е низок, па тоа ја намалува желбата за секс, или кој било друг сличен случај кој влијае на вољата за физичка интимност. Тест на крвната слика може да покаже некои од симптомите, врз основа на кои може да се утврди состојбата.
Третман:
Постојат неколку третмани кои ќе им помогнат на оние кои патат од сексуална анорексија. Ако проблемот е предизвикан од хормонално нарушување поради намалено ниво на тестостерон или естроген, хормонската терапија ќе биде доволна за да се реши проблемот. Меѓутоа, ако овој проблем настанал како последица од емотивен стрес, понатамошниот третман ќе се спроведи во вид на обемна терапија, со цел да се дојде до проблемот и истиот да се искорени. Терапијата може да се спроведе самостојно, или со двајцата партнери, во зависност од основата на проблемот.