Мажите кои почесто ејакулираат можат да имаат помал ризик да заболат од рак на простатата од оние мажи кои не ејакулираат почесто, тврди едно американско истражување. Истражувањето било вршено врз 32.000 мажи, започнувајќи во 1992 година, кога тие биле на 20-годишна возраст и траело се до 2010 година. За време на овој период, речиси кај 4.000 од овие мажи им бил дијагностициран рак на простатата. Притоа, истражувањето заклучило дека оние кои ејакулирале барем 21 пат месечно имале за 19% помалку шанси да им биде дијагностициран рак на простатата на 20 години од оние мажи кои не ејакулирале повеќе од седум пати месечно. Мажите на 40 – годишна возраст кои ејакулираат за 22% имаат помали шанси да се разболат од рак на простата. Зачестеноста на ејакулирањето, до одреден степен, е и мерка за целокупната здравствена состојба на еден маж. Додека овие откритија треба да се потврдат со понатамошни студии кои ќе ги проценат можните биолошки механизми, резултатите добиени од ова истражување наведуваат на тоа дека ејакулацијата и безбедната сексуална активност за време на зрелоста можат да бидат корисна стратегија за намалување на ризикот од добивање рак на простата.

Ракот на простата е застапен со 15% во дијагностицирањето на сите видови ракови ширум светот. Востановените ризик фактори, како возраста, расата и семејната историја не сепроменливи,” но постојат неколку промени во животните навики кои можат да им се препорачаат на мажите за да го намалат овој ризик. За да се разбере поврзаноста помеѓу зачестеноста на ејакулирањето и ракот, истражувачите кои ја спровеле оваа студија ги разгледувале податоците што ги добиле од прашалниците кои мажите ги пополниле во врска со нивното сексуално здравје. Покрај тоа, тие ги испитувале и нивните медицински досиеја и лабораториски тестови за да утврдат кои учесници имале дијагностицирано тумори на простата. Во периодот на истражување, имало 192 случаи на рак на простата меѓу мажите кои не ејакулирале повеќе од три пати месечно. Потоа, имало 1.041 случаи со 4 до 7 ејакулирања месечно,10.508 случаи кои имале 8 до 12 ејакулирања месечно, 807 случаи со 13 до 20 ејакулирања месечно и 290 случаи кои имале барем 21 ејакулирања месечно.

Единствено ограничување на оваа студија е дека се темели на присетувањето на мажите колку често ејакулирале и исто така во најголем дел била вршена врз белци, така што многу е веројатно резулатите да бидат поинакви доколку се вршело тестирање врз различна популација. Исто така, многу е рано да се мерат заслугите на сексот како алатка за заштита од ракот. Сексуалната активност може да име и одредени негативни последици врз здравјето, како што е добивањето на сексуално преносливи инфекции. Честото ејакулирање преку секс или мастурбирање најверојатно резултира од други фактори кои придонесуваат за добро здравје, како што е здравата исхрана и нормалната телесна тежина, кои исто така можат да го намалат ризикот од канцер. Не може туку – така само да им се каже на мажите ,,имајте секс почесто ако не сакате да се разболите од рак,,. Сепак, ако помалиот број на ејакулирања ги поттикне мажите да закажат посета кај уролог специјалист и ако таа посета послужи да се испита и да се промовира превентивната заштита и благосостојба, тогаш тоа ќе значи успешна примена на резултатите од оваа студија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина