Бременоста е голема животна пресвртница за жената. Покрај тоа што телото минува низ разни физички и емотивни промени, во жената расте и нов живот. Честопати тој ,,нов живот,, е причина за разни стравови кај родителите, да не направат нешто погрешно што може да му наштети на бебето, а главните забуни настануваат кога на ред ќе дојде темата за сексуалните односи. Тогаш не знаат како да постапат, што да прават и илјадници прашања им се вртат во глава.

Сведоци сме на разни, за против, коментари и раскажувања во нашата околина. Кои од нив се вистина, а кои митови имаат разрешено стручњаците и со тоа ги имаат решено грижите на идните родители.

Мит: Не можете да имате секс за време на сите девет месеци од бременоста.
ВистинаПартнерите може да имаат сексуални односи до 24 недела од бременоста, доколку бременоста не е ризична и не минува со проблеми. Во тој случај сексот не носи ризик.

 

MитМажот може да го повреди фетусот за време на односот и спремата може да биде опасна.
ВистинаМажот не може да го повреди фетусот, а спермата може да доведе до компликации, бидејќи нејзиниот состав може да доведе до започнување на предвремено породување.

 

Мит: Одделни пози за време на односот можат да ја повредат мајката.
Вистина: Можно е, па треба да се биде внимателен. Позите треба да се менуваат и да се прилагодуваат според тоа како расте стомакот.

 

Мит: Ако мајката има болки, сексот треба да се избегнува.
Вистина: Секоја болка предизвикува непријатност, а потоа и страв. Таквите ситуации бараат да се одбегнуваат сексуалните односи.

 

МитСексуалните односи во последните денови од бременоста помагаат за полесно породување.
Вистина: Постои можност, некогаш сексот и се користел како метод за предизвикување породување.

 

Мит: Сексуалните односи во текот на последните недели можат да бидат опасни.
ВистинаТаа опасност се поврзува со предвременото породување, кое може да биде предизвикано од сексот. Од 24 недела од бременоста ризикот за такво нешто се зголемува.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина